
Министерот за надворешни работи на Руската федерација Сергеј Лавров изјави денеска дека Русија и Србија се договорија да продолжат заеднички да работат за да се избегне штетата врз заедничките интереси од американските санкции на Нафтената индустрија на Србија НИС.
Лавров ова го изјави по средбата со српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ кој е во посета на Москва и додаде дека разговарале детално за енергетската соработка. Русија е најголем извозник на гас во Србија и обезбедува 85 насто од српските потреби за гас.
Лавров рече дека законската и взаемно корисна соработка на Србија и Русија не им се допаѓа на одредени сили на Западот и дека тие сили се обидуваат да ја сменат ситуацијата на пазарот користејќи нечесни мерки на конкурентска борба.
Слични новости
Романија: Одбиена жалбата на Џорџеску против забраната за кандидирање на претседателските избори
Жалбата на романскиот крајно десничарски европскептичен политичар Калин Џорџеску против одлуката да му се забрани да се кандидира на повторените претседателски избори во земјата беше отфрлена во вторникот
ЕУФОР: Распоредуваме воено засилување во БиХ
Военото засилување на ЕУФОР во Босна и Херцеговина почна да пристигнува, потврди во вторникот командата на силите на Европската унија во Сараево
Руте: НАТО нема да дозволи да биде загрозен мирот во БиХ
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте повика во понеделникот во Сараево кризата во Босна и Херцеговина да се смири со одговорно однесување на нејзините политичари, што не ги спречи членовите на Претседателството на БиХ да се расправаат пред него