Косовската владејачка партија Самоопределување (Vetevendosje – VV, предводена од премиерот Албин Курти, е на пат да победи на парламентарните избори, но не доволно за самостојно да формира влада, покажаа излезните анкети објавени вечерта во неделата.
Според анкетата на TV Klan, партијата на Курти освоила 38,2 отсто од гласовите, опозициската Демократска партија на Косово (DPK) 22,4 отсто и Демократската лига на Косово (LDK) околу 20 отсто.

Слични резултати покажуваат и анкетите на весниците Expres и Koha.
Во косовскиот парламент има 120 пратеници, од кои 20 одат за малцинствата – десет за косовските Срби и десет за претставници на другите заедници.
На изборите се натпреваруваа шест српски партии, а најсилната, Српската листа, сестринска партија на владејачката СНС во Србија, ја поддржува официјален Белград.
Курти, левичар и албански националист, дојде на власт во 2021 година кога коалицијата предводена од Самоопределување освои повеќе од 50 отсто од гласовите.
Слични новости
Србија: Три пратенички тешко повредени во безредијата во парламентот, изјави Брнабиќ
Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ изјави дека во денешните немири во парламентот се повредени три пратенички, меѓу кои и една која доживеала мозочен удар и се бори за животот
Додик не се откажува, прави планови за блокирање на владините тела на БиХ
Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, започна кампања со цел да ги убеди сите Срби вработени во владините тела на Босна и Херцеговија да ги напуштат своите работни места, ветувајќи им дека во тој случај ќе им најде работа и ќе им даде повисоки плати
Отворен тестаментот на архиепископот Анастасиос, заштедата ѝ ја оставил на Албанската православна црква
По одржаниот четириесетдневен помен по неговата смрт, Синодот на Албанската автокефална црква го отвори тестамент на архиепископот Анастасиос Јанулатос