Косовската владејачка партија Самоопределување (Vetevendosje – VV, предводена од премиерот Албин Курти, е на пат да победи на парламентарните избори, но не доволно за самостојно да формира влада, покажаа излезните анкети објавени вечерта во неделата.
Според анкетата на TV Klan, партијата на Курти освоила 38,2 отсто од гласовите, опозициската Демократска партија на Косово (DPK) 22,4 отсто и Демократската лига на Косово (LDK) околу 20 отсто.

Слични резултати покажуваат и анкетите на весниците Expres и Koha.
Во косовскиот парламент има 120 пратеници, од кои 20 одат за малцинствата – десет за косовските Срби и десет за претставници на другите заедници.
На изборите се натпреваруваа шест српски партии, а најсилната, Српската листа, сестринска партија на владејачката СНС во Србија, ја поддржува официјален Белград.
Курти, левичар и албански националист, дојде на власт во 2021 година кога коалицијата предводена од Самоопределување освои повеќе од 50 отсто од гласовите.
Слични новости
Протестот во Белград заврши со немири, Вучиќ порача дека ја разбрал пораката
Протестот „15 за 15“, за кој според опозициските медиуми бил еден од најголемите во историјата на Белград, заврши во саботата вечерта пред предвиденото по инцидентите во кои беа повредени 56 лица, 22 беа уапсени, а по првиот инцидент студентите се повлекоа и порачаа дека повеќе тоа не е студентски протест
Тензично во Белград пред големиот студентски протест закажан за 16 часот
Синоќа од разни правци на Србија пристигнуваа студенти кои беа пречекани од Белграѓани кои ги дочекаа на Теразије. Се проценува дека излегоа над 30.000 граѓани да ги дочекаат студентите
Мицотакис направи реконструкција на Владата, Герапетритис останува шеф на дипломатијата
Промени во неколку Министерства меѓу кои и оние за национална економија и финансии, за инфраструктура и транспорт, за енергетика, за миграција итн, направи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, додека пак Јоргос Герапетритис и Никос Дендиас се меѓу министрите кои останаа на нивните позиции, односно во Министерствата за надворешни работи и за национална одбрана