Косовската владејачка партија Самоопределување (Vetevendosje – VV, предводена од премиерот Албин Курти, е на пат да победи на парламентарните избори, но не доволно за самостојно да формира влада, покажаа излезните анкети објавени вечерта во неделата.
Според анкетата на TV Klan, партијата на Курти освоила 38,2 отсто од гласовите, опозициската Демократска партија на Косово (DPK) 22,4 отсто и Демократската лига на Косово (LDK) околу 20 отсто.

Слични резултати покажуваат и анкетите на весниците Expres и Koha.
Во косовскиот парламент има 120 пратеници, од кои 20 одат за малцинствата – десет за косовските Срби и десет за претставници на другите заедници.
На изборите се натпреваруваа шест српски партии, а најсилната, Српската листа, сестринска партија на владејачката СНС во Србија, ја поддржува официјален Белград.
Курти, левичар и албански националист, дојде на власт во 2021 година кога коалицијата предводена од Самоопределување освои повеќе од 50 отсто од гласовите.
Слични новости
Турските власти наредија притвор на градоначалникот на Истанбул
Турските власти наредија притвор на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, и на стотина други лица, меѓу кои и новинари и еден бизнисмен, како дел од истрагата за корупција
Ден на жалост во Црна Гора, Србија и Бугарија поради трагедијата во Кочани
Во Црна Гора денеска е ден на жалост по трагедијата во Македонија кога во пожар во дискотека во Кочани загинаа 59 млади луѓе, а над 100 се повредени. Во Србија и Бугарија утре ќе биде ден на жалост.
Три деца со изгореници од пожарот во Кочани ќе бидат пренесени во болница во Солун
Три млади деца со изгореници, повредени во пожарот во дискотеката во Кочани ќе бидат пренесени во болницата Папаниколау во Солун