Третолигашите Елденсе и Гвадалахара им направија проблеми на Реал Сосиедад и Барселона во осминафиналето на Кралскиот куп, но двата тима од Ла Лига се пласираа во осминафиналето.
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ги внесе во игра стандардните стартери Пау Кубарси, Алехандро Балде, Жил Кунде и Педри од клупата во второто полувреме, обидувајќи да ја скрши дициплинианата домашна одбрана.
Барселона, иако имаше над 80 отсто посед на топката, поведе во Гвадалахара дури во 77. минута со голот на Андреас Кристенсен. Промените конечно се исплатија во 77. минута кога Френки де Јонг шутираше од десната страна, а дефанзивецот Кристенсен скокна највисоко и шутираше со глава а топката се одби од домашниот играч Хулио пред да заврши во мрежата.
Домаќините речиси веднаш реагираа, кога Салифо Каропитче изведе жесток удар од далечина, но голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген – кој го играше својот прв натпревар за Барса од мај – реагираше одлично за да го префрли ударот над пречката, зачувувајќи ја минималната предност на својот тим.
Надежите на Гвадалахара згаснаа во последните моменти кога Ламине Јамал испрати прекрасна топка до Маркус Рашфорд. Англискиот напаѓач покажа одлична смиреност, го измами домашниот голман Дани Висенте кон левата страна пред да ја смести топката во празната мрежа и да ја заокружи победата на Барселона.
Сучиќ влезе во игра во 75. минута, а четири минути подоцна му донесе водство на Реал Сосиедад. Кинтана Начо ги одушеви домашните навивачи израмнувајќи во 81. минута, но во шестата минута од судиското продолжение Пабло Марин го постигна победничкиот гол за баскискиот тим.
Елче победи минимално со 1:0 на гостински терен кај Еибар, а Валенсија беше подобра од Спортинг со 2:0 во Хихон.
Единствениот клуб од Ла Лига што претрпе пораз во вторник беше Мајорка, која гостуваше кај Депортиво во Ла Коруња. Домашниот тим победи со 1:0, а голот го постигна Ное Кариљо во 85-та минута.
Од преостанатите десет натпревари, седум ќе се играат в среда, а последните три учесници во осминафиналето ќе ги дознаеме во четврток.
Слични новости
ПСЖ треба да му плати отштета на Мбапе од 60 милиони евра
Фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен ќе мора да му плати на својот поранешен играч Килијан Мбапе 60 милиони евра во спорот околу неисплатени плати и бонуси, пред да замине во Реал Мадрид во 2024.
Панатинаикос го победи Фенербахче во Истанбул
Во 16-тото коло од Евролигата се одигра дербито во Истанбул каде што Панатинаикос како гостин го победи Фенербахче со резултат 81:77. Мечот беше тврд и драматичен од почетокот до крајот на натпреварот.
Дензел Дамфрис опериран во Лондон, ќе паузира три месеци
Фудбалерот на Интер Дензел дамфрис нема да може да игра неколку недели поради повреда, соопшти вечерва тимот од Милано. Како што се наведува, врз Дамфрис била извршена операција на левиот скочен зглоб во Лондон.


