Во последниот четвртфинален натпревар од Купот на Италија, фудбалерите на Емполи го совладаа Јувентус во Торино по изведувањето пенали со вкупен резултат 5:3.
По 90 минути резултатот беше 1:1, а гостите од Тоскана поведоа во 24. минута со голот на Малех. Еден час Емполи оставаше подобар впечаток и имаше поопасни шанси, а потоа Јувентус израмни во 66. минута. Турам направи одличен дриблинг и погоди во поблискиот агол за 1:1.

Јувентус пред крајот на натпреварот пропушти да постигне втор гол кој ќе му овозможеше да се пласира во полуфиналето, па одлуката беше донесена по изведувањето пенали. Сите играчи на Емполи беа прецизни, додека за Јувентус, Влаховиќ го префрли голот, а ударот на Јилдиз го одбрани голманот на Емполи, Васкез.
Емполи првпат во својата историја стигна до полуфиналето на Купот, каде ќе одигра два натпревара против Болоња. Во второто полуфинале се среќаваат Милан и Интер.
Слични новости
Лига на шампионите: Баерн и Интер ќе се соочат во четврфиналето, Барса и ПСЖ ги чекаат противниците
Фудбалерите на Барселона први се пласираа во четвртфиналето од оваа сезона во Лигата на шампионите, а позната е и првата четвртфинална двојка, меѓусебно ќе играат Баерн и Интер
Германските фудбалски клубови минатата година продадоа рекорден број билети
Германските фудбалски клубови од Првата и Втората дивизија продадоа рекорден број билети за сезоната 2023/24, соопшти Германскиот фудбалски сојуз (DFL)
Бостон ја забележа деветтата последователна победа
Бостон Селтикс ја продолжи победничката серија на девет натпревари откако синоќа на домашен терен ја совлада Јута Џез со 114:108, а Сем Хаузер постигна девет „тројки“ и постигна рекордни 33 поени за победа на домашната екипа