Непосредно пред локалните избори, иституциите под контрола на власта на ДПМНЕ, координирано вршат притисок врз градоначалниците од СДСМ.

Сите можни инспекции, различни сектори под контрола на МВР, инспекторати и многу други институции буквално ги имаат окупирано општините водени од градоначалници на СДСМ, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

„Власта оди дури и до таму, да врши притисоци и врз членови на потесните семејства на градоначалниците, со незаконски прераспределби од работното место надвор од местата на живеење. Овој притисок е селективен и тенденциозен — насочен исклучиво кон општините каде што градоначалниците се од СДСМ, додека во општините под контрола на ДПМНЕ нема никакви контроли. Ова е класичен пример за злоупотреба на државните институции во партиски цели од страна на ДПМНЕ. Ќе ги искористиме сите механизми на располагање, и на домашен и на меѓународен план, за да го заштитиме интегритетот на нашите градоначалници и правото да работат без притисок и закани. Ги повикуваме сите надлежни тела, како и меѓународната заедница, да го следат внимателно овој процес и да застанат во одбрана на демократските стандарди во земјава“, вели Кузеска.

 

globe

Слични новости

Средба со директорот за статистика на ММФ – Народната банка со нови достигнувања во статистиката

Средба со директорот за статистика на ММФ – Народната банка со нови достигнувања во статистиката

Беше нагласено дека Народната банка прибира, изготвува и објавува податоци според највисокиот статистички стандард СДДС плус на ММФ, транспарентно и навремено, во согласност со Календарот за објавување податоци

Тркалезна маса „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд?“

Тркалезна маса „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд?“

Настанот има за цел да отвори дебата за потребата од донесување на посебен закон што би го регулирал работењето на Уставниот суд, преку дијалог меѓу претставници на институциите, правната струка и граѓанскиот сектор