Во тек се подготовките за заминување на дипломатот Крум Ефремов за амбасадор во Софија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
„Крум Ефремов е професионален дипломат, еден од поквалитетните, актуелен директор на Директоратот за економска дипломатија во Министерството, којшто служел како наш амбасадор во Украина во минатото. Тој ќе биде наш амбасадор во Софија и во моментот течат подготовките за негово заминување во Бугарија“ рече Муцунски.
Со Бугарија постојано има дијалог, од моментот кога е формирана оваа Влада до денес. Имало период кога дијалогот бил поинтензивен или помалку интензивен, но нема момент во кој ние не сме дискутирале за изнаоѓање соодветно праведно решение во рамките на позициите кои ние ги имаме, изјави Муцунски.
Тој истакна дека „црвените линии на нашата држава се поврзани со нашата историја, идентитет, јазик и култура“.
Слични новости
Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот
Директорката на гостиварски комуналец Артана Асани и уште двајца нејзини соработници, техничкиот директор на Комуналец, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши шеф на „Водовод и канализација пред се уапсени и спроведени во Судот во Гостивар.
