Обвинителката Наташа Крстевска Цалева поднесе писмена оставка од функцијата в.д. шефица на Вишото јавно обвинителство Скопје, која денеска ќе биде разгледана на седица на Советот на јавни обвинители. Крстевска Цалева на 10 февруари по предлог на државниот обвинител Љупчо Коцевски беше избрана за в.д. шефица на скопското Вишо јавно обвинителство.
Самото поставување на Крстевска Цалева за в.д. шефица на Вишото обвинителство беше проследено со бурни реакции за незаконитоста на одлуката на обвинителот Коцевски. Според бројни експерти таа одлука е спротивна на членот 25 став 3 од Законот за јавно обвинителство, каде функцијата вршител на должноста е опција само доколку на вишиот јавен обвинител му е истечен мандатот или тој е разрешен. Во случајов, доскорешниот прв човек на ова обвинителство, Мустафа Хајрулахи, е само суспендиран заради предистрага за наводен мобинг кон свои колеги обвинители. Хајрулахи тврди дека е жртва на притисок од страна на обвинителот Коцевски, кој барал од него да го затвори предметот за високите хонорари кои незаконски ги добивале Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски и други обвинители од поранешното Специјално јавно обвинителство. И двете истраги сè уште немаат разрешница.

Не е јасно според кој закон Советот на јавни обвинители именувал в.д. шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје. Според Законот за Јавното обвинителство Советот може да определи нов шеф на ВЈО Скопје само по три основи: ако на актуелниот шеф му е истечен мандатот, ако му престанала функцијата или ако е разрешен. Неспорен факт е дека на Хајрулахи не му е истечен мандатот, не е разрешен и не му престанала функцијата по друг основ.
Новоназначената в.д. шефица на скопското ВЈО, Крстевска Цалева деновиве го известила државниот обвинител Коцевски дека таа не е подготвена да ги трпи критиките од јавноста за овој пропуст при нејзиното именување, а особено што во овој период се очекува во собраниска процедура да влезе и владината иницијатива за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски. На средбата Коцевски се обидел да ја разубеди колешката од намерата да се повлече од функцијата, но, без успех.
Седницата на Советот на јавните обвинители е закажана за денеска во 10.30 часот, а на дневен ред се изборите јавни обвинители во Прилеп и Гевгелија.
Денеска и Владата ќе расправа за предлогот на Министерството за правда за разрешување на Љупчо Коцевски.
Слични новости
Таравари: Во моментот 118 лица згрижени низ болниците во државата, понудена помош од соседните земји
Министерот за здравство Арбен Тараври изјави дека повредени од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени низ државните болници и на Клинички центар во Скопје и на сите им е укажана медицинска помош. Засега имаат капацитети државните болници, а им била понудена и помош од држави од соседството.
Тошковски: 51 лице загина, над 100 повредени во пожарот во Кочани
Педесет и едно лице загина, а повеќе од 100 се повредени во синоќешниот пожар во дискотека во Кочани, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
Најмалку 50 жртви во пожар во дискотека во Кочани
Изминатата ноќ во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувнал пожар во кој, според информации на Министерството за внатрешни работи за медиумите, има најмалку 50 загинати