Обвинителството има преземено доволно дејствија, сите наводи на обвинетиот Љупчо Палевски Палчо се неосновани, изјави јавната обвинителка Жаклина Крстевска.
Според Крстевска, очигледно е дека обвинетиот Љупчо Палевски поднесеното барање за изземање го искористи да ги изнесе сите свои наводи кои што начелно му одат во поткрепа на негова одбрана.
„Доказите се приложени во списите од предметот и очигледно е дека со презентирањето на видео записите се доближуваме до делот кога јавноста ќе биде запознаена кои дејствија конкретно ги преземал обвинетиот Љупчо Палевски, кој цело време негира дека учествувал во предметните настани“, изјави Крстевска, одговарајќи на новинарски прашања по завршувањето на денешното рочиште пред Основниот кривичен суд Скопје.
Прашана во однос на наводите во барањето за изземање дека обвинетиот Боре Видевски поседувал оружје, Крстевска рече дека обвинителството ги има обезбедено сите докази и истите се приложени во листата на докази.
„Сите дејствија се преземени од страна на обвинителството“, изјави Kрстевска.
Во однос на изјавата од бранителот на Палевски, дека останатите обвинети преговарале со обвинителство, Крстевска рече дека ниту еден бранител не разговарал со обвинителството надвор од преземањето на службените дејствија.
„Многу чудно е како тоа обвинетиот Љупчо Палевски ги има записниците за испитување од осомничените Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски во Обвинителството, бидејќи тоа се списи кои што се само за обвинителството, а не се доставени ниту на увид, ниту на одбраната примерок, па многу е чудно како дошол до истите и ги презентира во јавноста“, изјави Крстевска.
Прашана дали ќе се испитува кој од обвинителство му ги дал овие списи, Крстевска рече дека не може да се произнесат, додека не преземат конкретни дејствија за конкретно лице.
„Доколку имаме докази, секако ќе се произнесеме“, рече Крстевска.
Првообвинетиот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, на почетокот на денешното рочиште, побара изземање на јавната обвинителка Жаклина Крстевска и целото ОЈО Скопје во случајот поради несоодветно спроведена истрага.
Судијата Ивица Стефановски, судењето го одложи за 3 февруари, посочувајќи дека мора да остави простор Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски се произнесе по наводите во барањето за изземање.
Слични новости
Aнгеловска-Бежоска: Реформите се важен фактор за привлекувањето странски инвестиции
Реформите, вклучувајќи го и усогласувањето на нашата регулатива и практики со европските, се значаен фактор за привлекување странски директни инвестиции. А странските директни инвестиции во малите економии како нашата вообичаено се еден од двигателите на економскиот раст“, истакна гувернерката на Народната банка
Продолжува судењето за убиствата на Ѓорчевска и Жежовски
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски
Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица
Заеднички истражен тим од Македонија и Србија по повеќемесечна меѓународна соработка, од неделата утрото спроведуваше координирани активности за разоткривање на криминална група што се занимавала со фалсификување и нудење на пазар на европска валута – евро во различни апоени