Некогашниот фудбалер на Фулам, Манчестер јунајтед и Рома, кој сега игра во Саудиска Арабија се враќа во Европа во тимот на Порто. Се очекува португалскиот клуб во секој момент да го официјализира трансферот.

36 годишниот стопер доаѓа во Порто за да помогне поради проблемите што ги има тимот во одбраната.

Смолинг има големо искуство, а играше и за репрезентацијата на Англија за која забележа 31 настап.

Смолинг на два пати беше и шампион на Премиер лигата со Манчестер јунајтед.

Слични новости

Хари Кејн прогласен за најдобар фудбалер во Германија за 2025 година

Хари Кејн прогласен за најдобар фудбалер во Германија за 2025 година

Центарфорот на Барен Минхен Хари Кејн е прогласен за најдобар играч на Бундеслигата. Англичанецот ја доби наградата што ја доделува магазинот „Кикер“ врз основа на гласањето на Здружението на германски спортски новинари.