Некогашниот фудбалер на Фулам, Манчестер јунајтед и Рома, кој сега игра во Саудиска Арабија се враќа во Европа во тимот на Порто. Се очекува португалскиот клуб во секој момент да го официјализира трансферот.
36 годишниот стопер доаѓа во Порто за да помогне поради проблемите што ги има тимот во одбраната.
Смолинг има големо искуство, а играше и за репрезентацијата на Англија за која забележа 31 настап.
Смолинг на два пати беше и шампион на Премиер лигата со Манчестер јунајтед.
Слични новости
Флик: Јамал ја заслужува „Златната топка“
Јамал се наоѓа меѓу 30-те номинирани фудбалери за „Златната топка“. Јамал кој беше прогласен за играч на сезоната во шпанската ла лига, го освои и Светското првенство во фудбал со репрезентацијата на Шпанија.
Ајакс од Амстердам потпиша договор со доскорешниот играч на Тотенхем Ив Бисума
Бисума во 2022 дојде во Тотенхем од Брајтон за сума од 30 милиони фунти, но поради честите повреди малку играше за Тотенхем, па клубот од Лондон не му понуди нов договор на Бисума, кој во Ајакс дојде како слободен играч.
Каваи Ленард и официјално повторно во Торонто Рапторс
Во соопштението на клубот се наведува дека Ленард прејде од Клиперс во Рапторс во замена за Брендон Инграм, Грејди Дик, два први пикови на дрфатот и два идни пикови од втората рунда.


