Најочекуваниот филм на годината „Одисеја“ на Кристофер Нолан, се појави на СинемаКон, каде што режисерот на филмот покажа некои снимки од неговото најново дело, меѓу кои и секвенцата за „Тројанскиот коњ„.

По компилација од филмовите што претходно ги режираше Нолан со бурни овации беше пречекан на сцената каде што порача дека Одисејата е приказна што ја фасцинира публиката 3.000 години и дека таа не е една од многуте приказни, туку „Приказната“ која сака да им ја долови на модерната кино публика.

Нолан рече дека целиот филм е сниман во Ајмакс технологија, но дека бил вистински кошмар да се сними. Во 2Одисеха“ меѓу другите глумат Мет Дејмон, Шарлиз Терон, Том Холанд и Ен Хатавеј.  

Слични новости

Документарецот Меланија се прикажува и во „сините градови“ каде што има солидна гледаност

Документарецот „Меланија“ на режисерот Брет Ратнер, за кој студиото Амазон МГМ плати 75 милиони долари, неделава почна да се прикажува во 2.000 кино сали ширум Америка, вклучувајќи ги и „сините“ градови, како Њујорк, Лос Анџелес, Бостон, Чикаго, па дури и во Минеаполис.