Лидерот на Австриската народна партија (OVP), Кристијан Штокер, во понеделникот стана нов канцелар, прв по Втората светска војна што ќе предводи трипартиска коалиција.

Штокер положи заклетва на церемонијата организирана од австрискиот претседател Александр Ван дер Белен. Министрите во владата подоцна ќе положат заклетва.

OVP ќе го води Министерството за внатрешни работи, социјалдемократите министерствата за финансии и правда, а либералната партија Neos министерството за надворешни работи, според коалицискиот договор.

Трите партии постигнаа неочекуван договор кој ја заобиколи крајно десничарската евроскептична Партија на слободата (FPO), победникот на парламентарните избори во септември минатата година, кои резултираа со петмесечни неуспешни коалициски преговори. Трите партии, исто така, се согласија на соработка, поради тоа што анкетите покажуваат дека при повторени избори FPO би остварила сега поубедлива победа.

Штокер станува канцелар како политичар без министерско искуство, партиски функционер кој се приближува до возраста за пензионирање и главно непознат надвор од политичките кругови.

„Непознатиот (скорешен) канцелар“ е насловот на австрискиот весник Kronen Zeitung, кој прави портрет на Штокер.

Шеесет ичетиригодишниот политичар ја презеде OVP откако претходниот претседател на партијата не успеа да формира влада, а потоа не успеа ниту FPO. Тој е адвокат, кој се смета за прагматичен функционер, кој си поставил цел да „избегне Австрија да биде преземена од евроскептично, проруско раководство“, како што се смета раководството на FPO.

Штокер беше генерален секретар на партијата кога ја предводеше поранешниот канцелар Карл Нехамер, кој ја напушти функцијата во јануари откако не успеа да формира центристичка коалиција. За австрискиот весник Die Presse тогаш изјави дека нема намера да ја преземе партијата по заминувањето на канцеларот.

„На денот на таа одлука дојдов во Виена во фармерки… Неколку часа подоцна морав да побарам да ми донесат костум и вратоврска“, рече Штокер.

Тогаш Штокер беше назначен за привремен лидер, но откако не успеа обидот на либертаријанскиот лидер Херберт Кикл да формира влада, тој остана последниот кандидат со шанса да формира влада. Тоа и му успеа тоа минатиот четврток кога Штокер, раководството на социјалдемократите и Neos постигнаа договор.

Ова е првата австриска влада составена од три партии од крајот на 1940-те. Овој неверојатен сојуз беше создаден на бранот отпор кон FPO, но се чини дека Штокер барем на самиот почеток успешно балансира меѓу различните партиски интереси.

globe

Слични новости

Лондон е разочаран од американските царини, но не планира контрамерки

Лондон е разочаран од американските царини, но не планира контрамерки

Обединетото Кралство нема намера веднаш да воведе контрамерки против Соединетите држави откако во средата стапија на сила царините од 25 отсто за американскиот увоз на челик и алуминиум од целиот свет, како што вети американскиот претседател Доналд Трамп, објави во средата британската влада

Руски извори се скептични за американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот

Руски извори се скептични за американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот

Руски извори реагираа претпазливо на предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот што Киев го поддржа во средата, велејќи дека секој договор за ставање крај на војната во Украина треба да го земе предвид напредокот на Русија и да одговори на загриженоста на Москва