Португалската фудбалска легенда, 40-годишниот Кристијано Роналдо, во вторникот стана најдобар стрелец на сите времиња во квалификациите за Светското првенство со двата гола во ремито 2:2 против Унгарија.
Роналдо веќе постигна вкупно 143 гола за својата земја, од кои 41 беа во квалификациите за Светското првенство. До синоќа, Португалецот го делеше рекордот со поранешниот гватемалски репрезентативец Карлос Руиз, кој ја заврши кариерата со 39 гола во квалификациите за Светското првенство.
„Не е тајна дека играњето за репрезентацијата ми значи многу, па затоа сум неверојатно горд што го постигнав ова уникатно достигнување за Португалија… Им благодарам на сите што ми помогнаа да стигнам до оваа точка. Се гледаме во ноември за да ги завршиме квалификациите за Светското првенство“, напиша Роналдо на социјалната платформа X.
Португалија со неговите голови до првата минута од судиското продолжение имаше победа во свои раце, што ќе им гарантираше на португалските фудбалери место на Светското првенство во 2026 година на две кола до крајот, но израмнувачкиот гол на Доминик Собослај го спречи тоа и ѝ помогна на својата репрезентација да се бори за второто место во групата, што носи место во плејофот.
Португалија има 10 бода на две кола до крајот, пет повеќе од второпласираната Унгарија, а квалификациите за Светското првенство всушност се само формалност за Кристијано Роналдо и неговите соиграчи.
Слични новости
Слот засега останува тренер на Ливерпул, но под огромен притисок
Арне Слот порача дека продолжува да се бори и се обидува да ја поправи формата и резултатите на тимот. В недела Ливерпул игра против Вест Хем, и ако тимот не победи Слот веројатно ќе биде сменет.
Управата на Партизан не ја прифаќа оставката на Жељко ОБрадовиќ
На итната седница на Извршниот и Управниот одбор неговата оставка беше едногласно одбиена, со порака дека се подготвени да му овозможат промени во играчкиот кадар во мерка која тој ја смета за неопходна.
12 тима во борба за преостанатите 6 места во НБА купот
На Денот на благодарноста во САД немаше натпревари во северноамериканската НБА кошаркарска лига, додека петок ги носи последните 11 натпревари од НБА Купот, по што ќе бидат познати сите осум тима што ќе се пласираат во нокаут фазата


