Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија Жорж Жесус денеска го стави Кристијано Роналдо на списокот на репрезентативците за претстојните натпревари од Лигата на нациите.
Роналдо претходно кажа дека овогодишното Светско првенство во фудбал му е последно и дека ова за него ќе биде последна сезона, но не беше категоричен кога ќе се прости од националниот дрес на Португалија.
Ова е прв список на репрезентативци објавен од новиот селектор на Португалија Жорж Жесус кој дојде на местото на Шпанецот Роберто Мартинес кој беше сменет од селекторската позиција по поразот на Португалија од Шпанија во осминафиналето на Светското првенство.
Жесус претходно беше тренер во Ал Наср во саудиска Арабија каде што игра и Роналдо.
Слични новости
Патсон Дака нов играч на Хамбург
Досегашниот фудбалер на Лестер Патсон Дака од денеска е нов фудбалер на германскиот бундеслигашки клуб Хамург, соопшти германскиот клуб. Замбиецот Дака кој има 27 години, претходните пет сеозни играше за британскиот клуб Лестер.
Морган Роџерс потпиша за Челси за 117 милиони фунти
Како што пренесуа Би Би Си, трансферот изнесува 117 милиони фунти, со што Роџерс стана најскапиот англиски фудбалер и најголемата инвестиција во историјата на Челси.
Претседателот на шпанската Ла Лига побара оставка од Инфантино
Претседателот на шпанската фудбласка Ла Лига Хавијер Тебас изјави дека првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација ( ФИФА) би требало да си поднесе оставка поради уништување на фудбалот.


