Фудбалерите на Кристал Палас убедливо ја совладаа Астон Вила со 4:1 на својот „Селхарст Парк“, во натпреварот од 27. коло на англиската Премиер лига.

Двоен стрелец за лондонскиот тим беше Исмаила Сар (29, 71), а по еден постигнаа Жан-Филип Матета (59) и Едвард Нкетија (90+1). Морган Роџерс (52) беше единствениот стрелец за клубот од Бирмингем. Астон Вила на полувремето остана без првиот голман Емилијано Мартинез, а неговата замена Робин Олсен прими три гола во вториот дел.

Кристал Палас стигна до 12. место со 36 бодови, а Астон Вила падна на десеттото место со 42 бода.

Брајтон победи со 2:1 на домашен терен против Бурнмаут, со головите на Жоао Педро (12-11м) и Дени Велбек (75), додека Џастин Клајверт (61) погоди за гостите.

Брајтон со победата се искачи на осмото место и бодовно се израмни со Борнмаут.

Фулам оствари победа од 2:1 на гостински терен славејќи кај Вулверхемптон. За Фулам погодија Сесењон (1) и Родриго Муниз (47), додека за Волвс стрелец беше Жоао Гомеш (18).

Фулам скокна пред Астон Вила со 42 бода и се најде на деветтото место. Вулверхемптон го претрпе 17-от пораз и остана на 22 бода, со што се наоѓа на 17. позиција, пет бода над зоната за испаѓање.

globe

Слични новости