Во последната недела од 11 до 17 мај биткоинот загуби 5,78 насто од својата вредност и падна на 77.457 долари за еден биткоин, иако пред само неколку месеци вредноста му достигна 125 .000 долари.

Етириумот падна уште повеќе, за 10,13 насто. Алткоините ги губат позициите и очигледно е дека капиталот се прелива во акциите на технолошките компании, кои продолжија да соборуваат рекорди по укинувањата на извозот на чипови на Енвидија за Кина.   

Вториот значаен фактор за крахот на берзата на криптовалутите е влошувањето на макроекономското опкружување. Последните податоци во САД ги засилија очекувањата дека Федералните резерви ќе ја задржат строгата монетарна политика. До крајот на мај, биткоинот би можел да падне и до ниво од 70.000 долари.

Слични новости

Најниски вредности на акциите на Волстрит во 2026

Најниски вредности на акциите на Волстрит во 2026

Акциите на американските берзи продолжуваат да паѓаат под притисок на високата цена на енергентите предизвикани од војната во Иран. Дау Џоунс падна за 1,56 насто и годинава за прв пат затвори под 47 000 поени.