Владината криза во Босна и Херцеговина во понеделникот дополнително се искомплицира откако водечката бошњачка опозициска партија SDA официјално покрена иницијатива за разрешување на министерот за надворешни работи на земјата Елмедин Конаковиќ, наведувајќи ги неговите врски со луѓе вклучени во организираниот криминал.
Иницијативата за разрешување на Конаковиќ беше потпишана и поднесена во собраниска процедура од претставници на Парламентот на БиХ од Партијата за демократска акција (SDA) и поддржана од Демократскиот фронт (DF) на Жељко Комшиќ.
SDA објави дека на Босна и Херцеговина како држава ѝ е нанесена непроценлива штета поради наводните врски на Конаковиќ со поединци од нарко-картелот предводен од босанските државјани Един Гачанин и Аднан Смајловиќ, наречени Тито и Дино, а чии операции се водат од Дубаи.
Конаковиќ е критикуван и дека не бил повеќе вклучен во оспорувањето на ревизијата на пресудата против БиХ пред Европскиот суд за човекови права по тужбата поднесена од советникот на Комшиќ, Славен Ковачевиќ, како и поради откажувањето на самитот на лидерите од Западен Балкан со лидерите на ЕУ. требаше да се организира во декември минатата година.
Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), предводен од челникот на босанските Срби, Милорад Додик, претходно соопшти дека и тие бараат смена на Конаковиќ бидејќи го обвинуваат за наводно кршење на уставниот поредок на БиХ. Ним им пречи затоа што Конаковиќ предложи 9. јануари, кој во Република Српска се слави како ден на тој ентитет, да биде прогласен за ден на жалост на ниво на БиХ.
„Не се сомневам дека СНСД ќе ја има поддршката од SDA, која со право ме гледа како свој најголем проблем и е подготвена да го сруши целиот систем за да се ослободи од мене. Знам и за нивните состаноци и договори“, рече Конаковиќ минатата седмица, коментирајќи го ненадејниот сојуз на најголемите бошњачки и српски партии.
Додик во понеделникот ја коментираше иницијативата на SDA во објава на социјалната мрежа Х, пишувајќи дека е „незгодно е кога Тито ти е најдобар пријател, а не е маршал“.
Конаковиќ е и лидер на партијата Народ и правда (NiP), член на владејачката коалиција во блокот што го формира заедно со SDP и Нашата партија (NS). Минатата седмица тој блок објави дека ја раскинува коалицијата со СНСД и сака актуелните опозициски партии од Репулика Српска да ја заменат на државно ниво. Додик беше обвинет дека намерно го блокирал усвојувањето на два важни реформски закони со цел да го забави патот на БиХ кон членството во ЕУ.
Иницијатива за реконструкција на Советот на министри најави и „Тројката“, а српските опозициски партии начелно изразија волја да учествуваат во новата влада доколку се договори прецизна програма за дејствување.
Но, лидерот на хрватската партија HDZ BiH, Драган Човиќ, ова го смета за нереално и ги покани „Тројката“ и СНСД на нова рунда разговори за да се решат проблемите во коалицијата и да продолжат реформските процеси со сегашната структура на парламентарното мнозинство. Соодносот на силите во парламентот на БиХ дозволува СНСД да биде соборена од власт, како и „Тројката“, која потоа би била заменета со SDA, со што Додик сега се заканува.
Слични новости
Протести и блокади во Црна Гора, најголеми во Подгорица
Во повеќе градови во Црна Гора во вторникот вечерта се одржаа блокади, меѓу кои и на еден од најфреквентните кружни текови во Подгорица, јави Радио Слободна Европа (РСЕ).
Апсења во Сараево на припадници на балкански криминални групи
Во вторникот, на барање на нивните колеги од Словенија, сараевската полиција спроведе рации со цел да ги приведе припадниците на организираниот криминал поврзани со убиството на Сатко Кекиќ, сведокот покајник
Америка ја замрзнува помошта за Косово
Околу 130 милиони евра кои Америка ги дава како помош на Косово би можеле да бидат замрзнати, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја суспендира странската помош на период од три месеци.