Струшката полиција поднесе кривични пријави против пет лица во врска со уривање на дел од спомен-куќата на Владо Малески во Струга, меѓу нив и поранешниот градоначалник на Струга, Рамис Мерко, кој се товари за „Злоупотреба на службена положба и овластување“, соопшти СВР Охрид.

Тие се обвинети за „оштетување или уништување на добра под заштита на културно наследство и природни реткости’ и за несовесно работење во службата.

Спротивно на решението за издавање на издавање заштитно конзерваторски услуги првоосомничениот инвеститор од Велешта со градежна механизација срушил стара куќа и при правење ископ ги поткопал темелите од јужниот ѕид на соседната спомен куќа-музеј на Владо Малески која од 2017 е споменик означен како културно наследство.

Рамиз Мерко се товари дека ги пречекорил овластувањата како градоначалник и спротивно на решението од Управата за културно наследство, потпишал одобрение за градба на првоосомничениот.

 

Слични новости

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови

Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Британија со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција

Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски