Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули., поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според пријавата, во периодот од 2021 до 2022 година тој не постапил по одлуки на Управниот одбор за исплата на обврски кон два правни субјекта во вкупен износ од 19,3 милиони денари, иако му била доставена потребната документација.

Поради неисплаќањето биле поведени судски постапки против Пошта, по што со пресуди биле утврдени дополнителни обврски за казнена камата.

Финансиската полиција проценува дека со ваквото постапување на државната компанија ѝ била причинета штета од 10.968.483 денари.

 

Слични новости

Со наодите од градежното вештачење и распит на вештаците – продолжува судењето за „Пулс“

Со наодите од градежното вештачење и распит на вештаците – продолжува судењето за „Пулс“

Со изведување на наодите од градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Лирим Хајредини, директорот на ТВ Алсат пронајден мртво по пад од „Мавровка“

Лирим Хајредини, директорот на ТВ Алсат пронајден мртво по пад од „Мавровка“

Утрово на тераса од трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје е пронајдено телото на оперативниот директор на телевизијата Алсат, Лирим Хајредини. Местото каде што е пронајдено телото се обезбедува од полицијата, а сè уште е во тек увидот под раководство на јавен обвинител.