Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули., поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.
Според пријавата, во периодот од 2021 до 2022 година тој не постапил по одлуки на Управниот одбор за исплата на обврски кон два правни субјекта во вкупен износ од 19,3 милиони денари, иако му била доставена потребната документација.
Поради неисплаќањето биле поведени судски постапки против Пошта, по што со пресуди биле утврдени дополнителни обврски за казнена камата.
Финансиската полиција проценува дека со ваквото постапување на државната компанија ѝ била причинета штета од 10.968.483 денари.
Слични новости
Најава за протест на професионалните војници
Независниот синдикат на професионални војници упати остри критики кон министерот за одбрана Владо Мисајловски и најави протест пред Владата на 7 ноември.
И ЛДП побара одговорност од владата за бегството на Ива Михајлова
Од партијата прашуваат каде е премиерот Христијан Мицкоски и зошто нема реакција на, како што наведуваат, сериозните слабости во функционирањето на институциите.
Продолжува судењето за „Пулс“ – одбраната изведува докази
На претходното рочиште, Обвинителството вкрстено го испрашуваше вештакот Петре Русески, кој остана на ставот дека објектот не претрпел реконструкција или пренамена, туку само ентериерно уредување.


