Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули., поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.
Според пријавата, во периодот од 2021 до 2022 година тој не постапил по одлуки на Управниот одбор за исплата на обврски кон два правни субјекта во вкупен износ од 19,3 милиони денари, иако му била доставена потребната документација.
Поради неисплаќањето биле поведени судски постапки против Пошта, по што со пресуди биле утврдени дополнителни обврски за казнена камата.
Финансиската полиција проценува дека со ваквото постапување на државната компанија ѝ била причинета штета од 10.968.483 денари.
Слични новости
„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ+
Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич” го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ниво „ББ+” со стабилен изглед, препознавајќи ги позитивните перспективи за економски раст, силната инвестициска активност и реформскиот процес поврзан со пристапувањето кон Европската Унија, соопшти Министерството за финансии.
ВМРО-ДПМНЕ бара од Обвинителството да истражи зошто биле исплатени 4,6 милиони евра во провизии за железничкиот коридор
Државата платила 4,6 милиони евра провизии за неповлечени средства додека проектот за железничкиот Коридор 8 со години стои незавршен, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи се на наодите од Државниот завод за ревизија .
Загина фудбалерот Даниел Николовски
Во раните утрински часови денеска, во сообраќајна несреќа, животот го загуби младиот фудбалер Даниел Николовски (21). Николовски бил дел од младинските категории на Тетекс, а љубовта кон клубот ја продолжил и во сениорскиот тим.


