Најновите успеси на руската војска во зоните на судирот во Украина позитивно се одразија врз преговорите на претседателот на Русија Владимир Путин и специјалниот пратеник на американскиот претседател Трамп Стив Виткоф, оцени денеска помошникот на претседателот на Русија Јуриј Ушаков.

Тој рече дека според проценките на Москва „странските оценки кон можните патишта за мировно решение на конфликтот стануваат пореалистични“.

Кремљ оцени дека разговорите на Путин со американската преговарачка делегација биле корисни и дека преговорите ќе продолжат. „Американците се подготвени да преземат напори за да се постигне долгорочно решение, што во суштина и нам ни одговара“ порача Ушаков.

Путин во вторникот вечерта во Москва разговараше со Стив Виткоф и Џерад Кушнер за можен крај на војната во Украина, во моменти на засилени руски борбени дејства на фронтот.

Американската делегација на враќање од Москва не застана на разговори со Киев, што се толкува како сигнал дека Зеленски и украинското раководство се помалку се прашуваат за изсходот на преговорите за Украина.

Слични новости

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе