Русија целосно ја поддржува мировната иницијатива и размената на воени заробеници предложени од унгарскиот премиер Виктор Орбан, соопшти во четвртокот Кремљ.

Орбан ги претставил предлозите за време на телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„За време на вчерашниот телефонски разговор со претседателот Путин, унгарскиот премиер Виктор Орбан предложи на Бадник да се одржи голема размена на воени заробеници меѓу Русија и Украина и да се прогласи Божикно примирје“, изјави Песков на редовниот брифинг со новинарите акредитирани во Кремљ.

Русија брзо го испратила својот предлог за божикна размена на затвореници до унгарската амбасада, но Украина ги отфрли сите предлози, посочи Песков.

Москва неодамна објави список со имињата на над 600 заробени украински војници кои повеќепати биле предложени за размена за околу 150 руските заробени војници, а што било одбиено од страна на Киев.

„Претпоставуваме дека консултациите за воспоставување мир ќе продолжат. Руската страна целосно ги поддржува напорите на Орбан насочени кон изнаоѓање мирно решение и решавање на хуманитарните прашања поврзани со размената на заробеници. Русија никогаш не ги отфрлила мировните преговори и постојано изјавила дека е подготвен да ги продолжи врз основа на Истанбулските договори од (март) 2022 година“, рече Песков.

Шефот на кабиентот на Орбан претходно рече дека премиерот му предложил Божикно примирје и размена на воени заробеници на Путин во телефонски разговор во средата.

„Едниот (предлогот за прекин на огнот) беше кажано дека вреди да се разгледа… а другото прашање, размената на воени заробеници, беше поддржано од (Путин)“, рече Гергели Гуљас.

Според него, Унгарија сака примирјето да трае вечно, „но сега се работи за божикните денови“.

globe

Слични новости

Зеленски: Единството на САД и ЕУ е неопходно за мир и запирање на Путин

Зеленски: Единството на САД и ЕУ е неопходно за мир и запирање на Путин

За праведен мир во Украина и за „запирање“ на рускиот претседател Владимир Путин, потребно е единство на САД и Европската унија, како и во рамките на самата ЕУ, изјави во четвртокот украинскиот претседател Володимир Зеленски

ХРВ: Ускратувањето вода од страна на Израел во Газа е чин на геноцид

ХРВ: Ускратувањето вода од страна на Израел во Газа е чин на геноцид

Меѓународната организација за човекови права Human Rights Watch (HRW) во извештајот во четвртокот соопшти дека Израел убил илјадници Палестинци во Газа со тоа што им го ускратил пристапот до чиста вода, што според неа правно е чин на геноцид и истребување