Радикалната промена во надворешната политика на САД кон Русија „во голема мера“ се совпаѓа со визијата на Москва, изјави во неделата портпаролот на Кремљ.

„Новата администрација брзо ги менува сите конфигурации на својата надворешна политика. Тоа во голема мера се совпаѓа со нашата визија“, му изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарот на државната телевизија во интервјуто снимено во средата.

„Патот е сè уште долг, бидејќи целиот билатерален однос претрпе огромна штета, но ако се задржи политичката волја на двајцата челници, претседателот (на Русија, Владимир) Путин и претседателот (на САД, Донал) Трамп, овојпат може да биде доста брз и успешен“, додаде Песков.

Руските медиуми посочуваат дека тој изјавата ја дал во средата, но таа е објавена дури денеска

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, исто така, во неделата ја пофали прагматичната цел на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната во Украина, но ја прекори Европа што сака да го продолжи конфликтот, пренесоа руските новински агенции.

Од инаугурацијата на Трамп на 20 јануари, американскиот претседател значително ја промени американската надворешна политика во споредба со онаа што ја водеше неговиот претходник Џо Бајден со затоплување на практично прекинатите односи со Москва.

Во петокот, Трамп влезе во сериозен вербален судир со украинскиот претседател Володимир Зеленски пред камерите во Белата куќа, што во европските престолнини предизвика стравување и сомнеж за континуираната поддршка на Вашингтон за Киев.

Лавров рече дека САД сѐ уште сакаат да бидат најмоќната земја во светот и дека Вашингтон и Москва никогаш нема да се договорат за сѐ, но дека се согласиле да бидат прагматични кога интересите ќе се совпаднат.

„Доналд Трамп е прагматичар. Неговиот слоган е здрав разум. Тоа значи, како што секој може да види, има промена кон поинаков начин на вршење на работите“, изјави Лавров за рускиот воен весник Красная звезда, според транскриптот објавен од Министерството за надворешни работи.

„Но, целта сепак е MAGA (Make America Great Again), рече Лавров, мислејќи на политичкиот слоган на Трамп. „Тоа ѝ дава животе, човечки карактер на политиката. Затоа е интересно да се работи со него“, додава шефот на руската дипломатија.

Лавров ја критикуваше Европа, велејќи дека во текот на изминатите 500 години, Европа била во фокусот на „сите трагедии на светот“, вклучувајќи ги колонизацијата, војните, крстоносните војни, Кримската војна, Наполеон Бонапарта, Првата светска војна и Адолф Хитлер.

„И сега, по мандатот на (поранешниот американски претседател Џо) Бајден, дојдоа луѓе кои сакаат да бидат водени од здравиот разум. Тие директно велат дека сакаат да стават крај на сите војни, сакаат мир… А кој бара ‘продолжение на банкетот’ во форма на војна? Европа“, заклучува Лавров.

Лавров, исто така, повторно ги отфрла идеите на некои западноевропски престолнини за испраќање на контингент наводно европски мировници и посочи дека Русија нема доверба во Украина по пропаѓањето на двата договора од Минск, кои беа дизајнирани да стават крај на граѓанаската војна со рускојазичната заедница откако прозападните власти во Киев донесени во март 2014 година без избори и со насилства веднаш ги зменија избраните власти во доминантно руските региони, го забрани рускиот јазик и редица други антируски мерки.

Европејците, рече Лавров, не можат да објаснат какви права би имале луѓето што зборуваат руски според плановите за европски мировни сили, додавајќи дека на Русија не ѝ се допаѓа идејата Европејците да го поддржуваат Зеленски.

„Сега тие исто така сакаат да го поддржат со своите бајонети во форма на мировни единици. Тоа ќе значи дека основните причини нема да исчезнат“, рече Лавров.

globe

Слични новости

Лондон е разочаран од американските царини, но не планира контрамерки

Лондон е разочаран од американските царини, но не планира контрамерки

Обединетото Кралство нема намера веднаш да воведе контрамерки против Соединетите држави откако во средата стапија на сила царините од 25 отсто за американскиот увоз на челик и алуминиум од целиот свет, како што вети американскиот претседател Доналд Трамп, објави во средата британската влада

Руски извори се скептични за американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот

Руски извори се скептични за американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот

Руски извори реагираа претпазливо на предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот што Киев го поддржа во средата, велејќи дека секој договор за ставање крај на војната во Украина треба да го земе предвид напредокот на Русија и да одговори на загриженоста на Москва