Русија го поздрави итниот самит за војната во Украина организиран од францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот во Париз.

„Би било добро разговорите меѓу европските челници да бидат за ставање крај на конфликтот, а не за негово продолжување“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, цитиран од приватната руска новинска агенција Интерфакс.

Русија постојано тврди дека војната, која ја започна пред речиси три години, се продолжува со испраќање на западно оружје во Украина.

Песков го нарече „тешко“ прашањето за можното распоредување на европски мировни сили во Украина, за кое моментално се разговара во Франција и Велика Британија, бидејќи во него ќе бидат вклучени вооружени сили од земјите-членки на НАТО.

„Постојат правила за такво распоредување. Но, досега немаше конкретни разговори за ова“, нагласи портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин.

Британскиот премиер Кир Стармер изјави во неделата дека е подготвен да испрати војници во Украина „доколку се покаже дека е неопходно за да се обезбеди безбедноста на Велика Британија и Европа“.

 

Меѓутоа, неколку челници на европските земји рекоа дека е премногу рано да се разговара за таква одлука. Некои, пак, како Германија, Полска и Шведска, изразија подготвеност да испратат свои војници во Укрина откако ќе биде постигнат мировен договор.

globe

Слични новости

Ле Пен прогласена виновна на судење за проневера на фондови на ЕУ

Ле Пен прогласена виновна на судење за проневера на фондови на ЕУ

Францускиот суд во понеделникот ја прогласи лидерката на крајната десница Марин Ле Пен за виновна за злоупотреба на фондовите на Европската унија, во судење што може да ги уништи нејзините претседателски надежи

Украина го преиспитува нацрт-договорот за ретки минерали, Москва преговара со Вашингтон за руските ресурси

Украина го преиспитува нацрт-договорот за ретки минерали, Москва преговара со Вашингтон за руските ресурси

Додека Украина не е задоволна од новиот американски нацрт-договор за ретките минерали, Русија објави дека почна заеднички проекти со САД за нејзините рудните ресурси