Русија го поздрави итниот самит за војната во Украина организиран од францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот во Париз.
„Би било добро разговорите меѓу европските челници да бидат за ставање крај на конфликтот, а не за негово продолжување“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, цитиран од приватната руска новинска агенција Интерфакс.
Русија постојано тврди дека војната, која ја започна пред речиси три години, се продолжува со испраќање на западно оружје во Украина.

Песков го нарече „тешко“ прашањето за можното распоредување на европски мировни сили во Украина, за кое моментално се разговара во Франција и Велика Британија, бидејќи во него ќе бидат вклучени вооружени сили од земјите-членки на НАТО.
„Постојат правила за такво распоредување. Но, досега немаше конкретни разговори за ова“, нагласи портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин.
Британскиот премиер Кир Стармер изјави во неделата дека е подготвен да испрати војници во Украина „доколку се покаже дека е неопходно за да се обезбеди безбедноста на Велика Британија и Европа“.
Меѓутоа, неколку челници на европските земји рекоа дека е премногу рано да се разговара за таква одлука. Некои, пак, како Германија, Полска и Шведска, изразија подготвеност да испратат свои војници во Укрина откако ќе биде постигнат мировен договор.
Слични новости
Европските челници се договорија за зајакнување на Украина, но не и за „силите за поддршка“
Европските челници ја потврдија својата долгорочна поддршка за Украина на самитот во Париз во четвртокот, но се чини дека постигнале мал напредок во поглед на улогата што би можеле да ја играат во обезбедувањето безбедносни гаранции доколку се постигне мировен договор со Москва
Американското Министерство за здравство и човечки услуги под Кенеди отпушта 10.000 луѓе
Министерството за здравство и човечки услуги на САД во четвртокот објави дека ќе отпушти околу 10.000 вработени со полно работно време и ќе затвори околу половина од своите регионални канцеларии
Европскиот суд побара од српските власти да коментираат за употребата на звучно оружје на протестот
Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) побара од српската влада да даде одговори во врска со наводите дека било употребено звучно оружје против учесниците на масовниот протест во Белград на 15 март, поставувајќи краен рок за одговор до 31 март, а правни експерти укажуваат дека тоа може да влијае на процесот на европска интеграција на Србија