Русија го поздрави итниот самит за војната во Украина организиран од францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот во Париз.
„Би било добро разговорите меѓу европските челници да бидат за ставање крај на конфликтот, а не за негово продолжување“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, цитиран од приватната руска новинска агенција Интерфакс.
Русија постојано тврди дека војната, која ја започна пред речиси три години, се продолжува со испраќање на западно оружје во Украина.

Песков го нарече „тешко“ прашањето за можното распоредување на европски мировни сили во Украина, за кое моментално се разговара во Франција и Велика Британија, бидејќи во него ќе бидат вклучени вооружени сили од земјите-членки на НАТО.
„Постојат правила за такво распоредување. Но, досега немаше конкретни разговори за ова“, нагласи портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин.
Британскиот премиер Кир Стармер изјави во неделата дека е подготвен да испрати војници во Украина „доколку се покаже дека е неопходно за да се обезбеди безбедноста на Велика Британија и Европа“.
Меѓутоа, неколку челници на европските земји рекоа дека е премногу рано да се разговара за таква одлука. Некои, пак, како Германија, Полска и Шведска, изразија подготвеност да испратат свои војници во Укрина откако ќе биде постигнат мировен договор.
Слични новости
Макрон убеден дека ЕУ повторно ќе мора да прибегне кон заедничко задолжување
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во четвртокот вечерта дека е убеден дека Европската унија ќе мора повторно да прибегне кон заедничко задолжување за да го врати претходниот долг и за поголеми трошоци за одбраната
Зеленски следната седмица ќе се сретне со европските лидери во Париз
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе биде во Париз следната недела за да разговара со клучните европски лидери за тековните напори за ставање крај на војната
Израел започна операција во Рафах, ЕУ повикува на враќање на примирјето
Додека европските челници на самитот во Брисел повикаа на враќање на примирјето и враќање на заложниците, израелската војска доцна во четвртокот објави дека започнала копнена операција во кампот Шабура во градот Рафах, во јужниот дел од палестинската енклава Појасот Газа