Русија смета дека обновувањето на односите со САД е долгорочна и тешка задача, но верува дека постои политичка волја кај двете страни да се постигне напредок, соопшти во понеделникот Кремљ.
Напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за доближување со рускиот претседател Владимир Путин и обновување на прекинатите односи меѓу Вашингтон и Москва ги вознемири Украина и европските сојузници.

„Ние сме на почетокот на патот кон обновување на нашите билатерални односи. Патот пред нас е доста долг и тежок, но барем двајцата претседатели изразија политичка волја во таа насока“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков рече дека е важно да се утврди дали Украина навистина сака мир или не.
Украина треба да одржи дипломатски разговори со САД во вторник во Саудиска Арабија за да стави крај на војната со Русија.
Тоа ќе биде прва средба меѓу украински и американски претставници по катастрофалната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа на крајот на февруари, кога се судри со Доналд Трамп.
Зеленски во понеделникот рече дека е подготвен да седне на преговарачка маса што е можно поскоро и бара гаранции од САД и Европа за безбедноста на неговата земја.
Украина сака мир и Русија е „единствената причина поради која војната продолжува“, објави тој на Телеграм.
„Украина сака мир уште од првата секунда на војната и ние секогаш велевме дека единствената причина поради која војната продолжува е Русија.
Слични новости
Руските сили заземаат сѐ поголема територија во Курск, според извори
Руските сили направија дополнителен напредок во регионот Курск во понеделникот како дел од големата операција чија цел е да принудат илјадници украински војници да го напуштат западниот руски регион или да се предадат, објавија проруските воени блогери на кои се повикува Reuters
Марк Карни е новиот лидер на либералите и канадски премиер
Поранешниот гувернер на канадската централна банка, Марк Карни, победи во трката за нов челник на владејачката Либерална партија и ќе го замени Џастин Трудо на функцијата премиер
Спор околу Starlink, Рубио ѝ порача на Полска да биде благодарна
Американскиот државен секретар Марко Рубио во неделата го обвини полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски дека „измислува работи“ и рече дека е неблагодарен, откако Сикорски рече дека Украина можеби ќе треба да бара алтернатива за сателитската услуга Starlinк