Кремљ во петокот соопшти дека имало многу неточни извештаи за американските планови за ставање крај на војната во Украина и повика на трпение додека се вртат шпекулации за времето на можна средба меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп.
На брифинг со новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, беше прашан за извештајот дека специјалниот пратеникот на Трамп за Русија и Украина, Кит Келог, се обидувал да договори прекин на огнот уште пред преговорите за мировно решение.

„Засега немаме што да додадеме. Има многу изјави и извештаи на оваа тема кои се побиваат, менуваат, се препознаваат како лажни или нешто друго веќе следниот ден“, рече Песков.
„Сè уште нема ништо значајно во тоа; само треба да бидеме трпеливи“, додаде тој.
Трамп и Путин потврдија коа дека би сакале да се сретнат лично. Агендата, доколку се одржи таква средба, се очекува да биде фокусирана на наведената цел на Трамп за брзо ставање крај на тригодишниот конфликт.
„Русија е отворена за преговори. Во секој случај, решението треба да дојде како резултат на преговорите“, рече Песков.
Американската телевизија CNN претходно ја цитираше изјавата на Песков дека немало првични контакти меѓу двајцата челници за тоа дали е потребна таква средба и каде и во кој формат може да се одржи.
Руската новинска агенција РИА во четвртокот го цитираше Леонид Слуцки, шеф на комитетот за меѓународни прашања на рускиот парламент, кој рече дека подготовките за таков состанок се во „напредна фаза“ и може да се одржи во февруари или март.
Песков во средата рече дека контактите со тимот на Трамп на ниво на „поединечни ресори“ се интензивираат, но одби да даде дополнителни детали.
Слични новости
Висок руски функционер ќе го посети Вашингтон, според CNN
Се очекува висок руски функционер оваа седмица да го посети Вашингтон, поради разговори со претставници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, извести CNN
Американски сенатори за санкции против Русија доколку ги блокира мировните преговори со Украина
Половина од американскиот Сенат, 25 републиканци и 25 демократи, во вторникот ги здружија силите за да предложат санкции кои ќе ѝ бидат наметнати на Русија доколку таа одбие да се вклучи во добра волја во мировни преговори со Украина
Францускиот апелационен суд ќе донесе одлука за случајот Национален собир во летото 2026 година
Судот во Париз објави во вторникот дека досега се поднесени три жалби во случајот против крајно десната партија Национален собир (RN) поради кој на поранешната челничка Марин Ле Пен и е забрането политичко дејствување на пет годинилничка Марин Ле Пен и е забрането политичко дејствување на пет годи