Доколку САД и дозволат на Украина да употреби оружје произведено во САД за напади на руска територија, тоа ќе доведе до зголемување на тензиите и продлабочување на вмешаноста на САД во конфликтот меѓу Русија и Украина, соопшти денеска Кремљ.
Портпаролот Дмитриј Песков потсети дека претседателот Владимир Путин смета дека употребата на такво оружје ќе значи директна вмешаност на земјите на НАТО во конфликтот во Украина.
Песков укажа дека одлуката на САД сеуште не е официјално потврдена и додаде дека администрацијата во САД која е на заминување сака да го ескалира конфликтот.
Таков став искажаа и Илон Маск и голем дел републиканци чија администрација предводена од Доналд Трамп ќе ја преземе власта во САД на 20 јануари. Американските медиуми пишуваат дека Џо Бајден се обидува да достави помош колку што е можно повеќе за Киев, во страв дека Трамп ќе ја намали или суспендира воената помош за Украина.
Исто така, не се знае дали Трамп ќе ја поништи одлуката со која Вашингтон дава зелено светло, да се користат нивните ракети за напади на руска територија.
Слични новости
Барние ќе го заобиколи парламентот за буџетот, левицата бара гласање за доверба
Францускиот премиер Мишел Барние изјави во понеделникот дека ќе ги искористи специјалните уставни овластувања за да го протурка буџетот за социјално осигурување низ долниот дом на парламентот без гласање, а левицата најави дека ќе бара гласање за доверба на владата.
Франција е на пресвртница пред гласањето за доверба на владата
Франција се наоѓа во критичен момент поради неизвесноста за националниот буџет и иднината на владата, изјави во вторникот министерот за финансии Антоан Арман
Руте: НАТО треба да обезбеди Украина да влезе во преговорите од најсилна можна позиција
Членките на НАТО мора да ја зголемат воената помош за Украина за да се осигураат дека таа е во силна позиција за преговори со Русија кога и да започнат, изјави генералниот секретар на Алијансата Марк Руте на прес-конференција пред дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земј ите-членки