Кредитирањето на компаниите и граѓаните во еврозоната забрза на почетокот на годината, а паричната маса нагло се подобри, покажаа во четвртокот објавените податоци на Европската централна банка (ЕСВ), како одраз на влијанието на пониските каматни стапки.
ЕСВ ги намали каматните стапки пет пати од средината на минатата година за вкупно 2,25 процентни поени, префрлајќи го својот фокус од зауздување на инфлацијата на поддршка на анемичниот економски раст.

Падот на каматните стапки во изминатата година постепено ги намали трошоците за ново задолжување на компаниите и домаќинствата, со континуирани строги услови за финансирање, се наведува во соопштението на Управниот совет од состанокот во јануари.
Монетарната политика и натаму е рестриктивна, а граѓаните и компаниите ги враќаат старите кредити со високи каматни стапки, забележуваат тие.
Во јануари кредитите на фирмите се зголемени за 2 отсто во однос на истиот месец лани, најсилно во последните година и пол. Во декември се зголемени за 1,7 отсто, покажуваат ревидираните податоци.
На почетокот на годината забрзано е и темпото на кредитирање на домаќинствата, на 1,3 отсто, достигнувајќи го највисокото ниво од јули 2023 година. Во декември стапката на раст беше 1,1 отсто.
Показателот за парична маса М1, кој ги вклучува валутите во оптек и прекуноќни депозити, во јануари се зголеми за 2,7 отсто, што е најсилно за нешто повеќе од две години. Во декември се зголеми за 1,8 отсто. Период од речиси две години на пад заврши во октомври минатата година, покажуваат податоците. Во август 2023 година, понудата на пари е намалена за цели 10,4 отсто.
Најшироката мерка на паричната маса, монетарниот агрегат М3, кој некои аналитичари го користат како добар сигнал за економскиот раст во наредните месеци, во јануари порасна за 3,6 отсто, по ревидираниот раст од 3,4 отсто во декември. Растот, сепак, е нешто послаб отколку во ноември, кога податоците покажаа најголем раст на широката парична маса од почетокот на 2023 година.
Слични новости
Рекордна цена на златото
На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути порасна во петокот во претпладневното тргување
Остар пад на Волстрит, фокусот на царинската војна
На Волстрит, индексот S&P 500 драстично падна во четвртокот, спуштајќи се во територијата на корекција, бидејќи инвеститорите стравуваат дека царинската војна на САД на повеќе фронтови ќе ја поттикне инфлацијата и ќе доведе до рецесија
Германскиот производител на оружје го престигна VW по пазарна капитализација
Најголемиот европски производител на оружје „Rheinmetall“ го престигна водечкиот европски производител на автомобили „Volkswagen“ (VW) по пазарна капитализација во четвртокот на бранот побарувачка за акции во компаниите во секторот, предизвикан од најавата за повисоки трошоци за одбраната во Европа