Повеќе од 400 уметници, креативни лидери и холивудски ѕвезди, вклучувајќи ги Пол Макартни, Кејт Бланшет, Гиљермо дел Торо, Бен Стилер, Марк Рафало, Сем Мендес, потпишаа отворено писмо до Канцеларијата за наука и технологија на Белата куќа, повикувајќи ја администрацијата на Трамп да не ја укинува заштитата на авторските права и покрај напорите на ОпенАИ и Гугл, тие да се укинат.

Писмото го оспорува предлогот на технолошките гиганти кои тврдат дека американскиот закон за авторкси права би требало да им дозволи на компаниите кои се занимаваат со развој на вештачка интелигенција да ги обучуваат своите системи со делата заштитени со авторски парава, без да бараат дозвола и без надокнада на сопствениците на авторските права.
Во писмото се напомнува дека американската индустрија на уметност и забава вработува над 2,3 милиони луѓе со приход од преку 229 милијарди долари годишно.
Компаниите кои развиваат вештачка интелигенција бараат да ја поткопаат оваа економска и културна сила со слабење на заштитата на авторските права за филмови, ТВ серии, уметнички дела, пишување и музика, се вели во писмото.
Слични новости
Заврши снимањето на војната на розите со Бенедикт Камбербач и Оливија Колман
Римејкот на „Војната на розите“ во кој главните улоги ги толкуваат Бенедикт Камбербач и Оливија Колман е завршен и неговата премиера е закажана за 29 август, соопшти студиото Срчлајт пикчерс.
Јутјуб најгледан кај дистрибутерите на телевизиски контент во САД
Интересен е фактот што Јутјуб го зазеде првото место поради изненадувачкиот пораст на популација над 50 години која гледа Јутјуб, која ги надмина по гледаност луѓето на возраст меѓу 18 и 34 години.
На аукција стотици велосипеди заборавени на германските железнички станици
Околу 2.700 велосипеди се наоѓаат секоја година на околу 5.400 станици низ целата земја, рече портпаролката на „Deutsche Bahn“