Капитенот на Ливерпул и на холандската репрезентација Вирџил Ван Дајк на крајот од сезоната го напушта „Енфилд“. Ван Дајк според договорот ја игра својата последна сезона во Ливерпул.

35 годишниот стопер, чиј договор истекува во јуни 2027 во моментов е цел на италијанскиот клуб Јувентус, но главната пречка за овој трансфер е неговата плата од 350 000 фунти неделно, а извори блиски до клубот сметаат дека Јувентус не може да преземе таков економски пакет за ветеранот.

Од друга страна Реал Мадрид нема проблеми да ја покрие оваа плата на Ван Дајк и би можел да ја продолжи традицијата да презема играчи од Ливерпул, како што беше и со Трент Александар-Арнолт и Ибрахим Конате.

Ван Дајк беше едно од најдобрите засилувања во Ливерпул кој дојде во клубот во 2018 година за 75 милиони фунти.

Слични новости

Хари Кејн прогласен за најдобар фудбалер во Германија за 2025 година

Хари Кејн прогласен за најдобар фудбалер во Германија за 2025 година

Центарфорот на Барен Минхен Хари Кејн е прогласен за најдобар играч на Бундеслигата. Англичанецот ја доби наградата што ја доделува магазинот „Кикер“ врз основа на гласањето на Здружението на германски спортски новинари.