Се заврши уште една војна, а ниту еден политички блок не е задоволен. Еуфоријата тука се чува само за почетоците на војните, но не и за нивното завршување. Дали е сега Израел побезбедно место? Дали меѓународниот статус на државата се поправи? Економијата? Расположението во земјата? Барем нешто….
Со минимално противење и извесна горчливост, а повремено и со гнев, се заврши уште една беспотребна војна на Израел на северот. Загинатите во битките се во своите гробови, задржана е пропорцијата од околу 4.000 наспроти 100, ранетите се на рехабилитација, ожалостените тагуваат во посттрауматски шок, куќите се во урнатини и ништо на светот не е подобро по завршувањето на оваа бесмислена војна, отколку што беше пред таа да избувне.
Во обесхрабрувачки говор по повод прекинот на огнот на северот, Бенјамин Нетанјаху ги опиша воените достигнувања низ тоа колку убивме и уништивме, како да се пролеаната крв и димензиите на деструкцијата некакво достигнување. „Земјата се тресеше во Бејрут“, се фалеше Нетанјаху. Па што? Што доби Израел од тоа што се тресеше земјата во Бејрут, освен задоволување на одмаздничкиот нагон? Што доби било кој освен воената индустрија и господарите на војните?
Нетанјаху ни за момент не се обиде да пружи макар и слаба надеж во поинаква иднина. Само вети дека ќе се вратиме да убиваме и уништуваме во следниот круг. Тоа е единствената израелска визија: да продолжи да живее со мечот. Засекогаш.
Сличен начин на размислување владее кај мнозинството Израелци. Опозицијата во својата глупост делумно се спротивстваи на прекинот на огнот, додека бибистите ја проголтаа кнедлата.
Се заврши уште една војна, а ниту еден политички блок не е задоволен. Еуфоријата тука се чува само за почетоците на војните, но не и за нивното завршување. Дали е сега Израел побезбедно место? Дали меѓународниот статус на државата се поправи? Економијата? Расположението во земјата? Барем нешто….
Само е направена штета што стигна до рекордни височини. Од првиот ден на војната беше јасно дека два едновремени фронта нема да донесат подобра иднина. Така е тоа кога се оди во казнена војна, само за да се задоволи јавното мнение. Ќе кажат дека немавме друг избор и дека тие први почнаа. Ќе се самозалажуваат дека тоа беше самоодбрана.
Но, кои цели се постигнати? Масовни убивања кои наскоро ќе донесат нови убиства и деструкција кои веќе предизвикаа горлива и праведна омраза на целиот свет. Израел во Либан и Газа победи воено, но загуби во секој друг аспект. Челните луѓе се на потерници од Хаг, а граѓаните ркскомуницирани од светот. Газа и Либан беа војни на изборот. Од почетокот беше јасно дека можеби е дозволено да се влезе во овие војни, но ужасно глупаво.
Војната не ги врати мртвите од 7 октомври, ниту киднапираните. Требаше и беше можно да не се тргне во војна против Хезболах. Она што е постигнато со потпишаниот договор беше можно да се постигне и без војна -со запирањето во Газа. Според тоа, образложението дека Израел немал избор не е точно. Посебно вознемирува кога ќе се види како заврши војната и по која цена.
Ожалостените семејства се обидуваат да се утешат со тоа дека нивните синови не загинаа залудно. Загинаа бранејќи ја татковината. Тешко е да се расправате со нив, но каква одбрана и каква татковина се заснива на морничавата деструкција и во убивањето во Газа и казнувањето на Либан?
Се што сакаше да постигне Израел со спогодбата на северот е пауза до следната војна. Дури нема ни обид за нешто друго. Во Газа стварноста е уште потешка. Во Газа се убива поради самото убивање, а на тоа нема крај. Тоа е катастрофална политика.
Доколку Израел навистина сакаше да се брани, мораше да знае што сака да постигне со војните. За тоа Иззраел нема поим и затоа е ова уште една бесмислена војна, чиј половичен крај, никој не го слави. Израел ги сака војните.
Гидеон Леви
Хаарец
Слични новости
Србија и натаму блокирана во пристапните преговори со ЕУ
И покрај напорите на унгарското претседателство, пристапните преговори со Србија остануваат блокирани, додека Црна Гора и Албанија постигнаа напредок во пристапниот процес во понеделник и вторник
Бесмислено враќање на воените стратегии од 1950-тите
Се проценува дека во нападите на Хирошима и Нагасаки се убиени 38.000 деца. Сведоштвата на преживеаните покажува дека идејата дека нуклеарна војна може да се води и да се добие на бојно поле е бесмислица, која само ги зголемува шансите за нуклеарна војна.
Германија пред вонредни парламентарни избори
Одлуката на Шолц да организира гласање кое очекуваше дека ќе го загуби за да ја распушти сопствената влада, германскиот таблоид Билд го опиша како потег на „камиказа“, но тоа е единствениот начин на кој германската влада може да го распушти парламентот и да предизвика предвремени избори.