Биткоинот, како и другите пазари на криптовалути, се во остар пад. Во четвртокот биткоинот падна за повеќе од 12% на под 64.000 долари ниво кое не е видено од октомври 2024 година.

На крајот на минатата година биткоинот скокна на рекордни максимуми над 125.000 долари за монета. Во четирите месеци од тогаш, дигиталната валута изгуби речиси половина од својата вредност.

Биткоинот сега се тргува по најниските цени од ноември 2024 година, во суштина бришејќи ги сите добивки остварени за повеќе од една година.

Други популарни криптовалути како Етер и Солана исто така се во пад. Солана, во моментов достигна најниска вредност за последните две години.

 

Слични новости

Денеска мал пад на цената на нафтата

Денеска мал пад на цената на нафтата

Во раното тргување денес, нафтата Брент падна за 1,6 проценти на 106,90 долари за барел откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе престане со понатамошните напади врз гасните полиња на Иран

Пад на цената на златото

Пад на цената на златото

Племенитите метали сеуште држат висока цена првенствено поради одржливата побарувачка за сигурни финансиски засолништа, кои се поттикнати од незивеноста што ја предизвика актуелната војна во Иран, пренесува Трејдинг економикс.