Британското кралско семејство, кое во изминатите две години е на насловните страници на британските таблоиди поради разни скандали, се соочува со уште еден непријатен удар, а тоа е загуба на досегашните привилегии за време на посетата на спортските настани.
Станува збор за симболично, но упадливо понижување, членовите на семејството Виндзор да останат без досегашните почести и да мораат да плаќаат билети за спортски настани.
Според извори во Бакингемската палата, проблемот не е во парите, туку во контекстот.
Скандалите поврзани со принцовите Хари и Ендрју, како и континуираните медиумски шпекулации, дополнително го нарушија угледот на институцијата која со децении уживаше неприкосновен статус.
Одлуката на спортските организации веќе на прават исклучоци за кралското семејство се толкува како уште еден знак на промена на односот на јавноста и институциите кон некогаш недопирливите симболи на британската монархија.
Слични новости
Вим Вендерс на чело на жирито на 76-то Берлинале
Германскиот режисер Вим Вендерс ќе го предводи жирито на Берлинале во февруари, објави во петокот директорката на фестивалот Триша Татл
Концерт на Влатко Стефановски во Белград
Влатко Стефановски во неговата кариера која трае половина век, со групата „Леб и сол“, но и со соло настапите, се покажа како извонреден инструменталист, пишува белградска „Политика“.
Снуп Дог го води тимот на САД на ЗОИ 2026
Раперот и забавувач, 54-годишниот Снуп Дог дефинитивно е именуван за почесен водач на американскиот национален тим за Зимските олимписки и параолимписки игри што ќе се одржат во Милано и Кортина д’Ампецо


