Романците протестираа пред едно избирачко место во близина на Букурешт во неделата заедно со крајно десничарскиот претседателски кандидат Калин Џорџеску, откако Уставниот суд ги поништи изборите по наводите за наводно руско мешање во првиот круг гласање.
Џорџеску неочекувано победи со релативно мала разлика во првиот круг од претседателските избори на 24. ноември, во кој треба да се соочи со исто така изненадувачкото остварување на ривалката од десниот центар, Елена Ласкони, а отпадна фаворизираниот премиер Георге Симон. Вториот круг требаше да се одржи во неделата – денеска.
Но, во петокот Уставниот суд едногласно одлучи да го поништи целиот изборен процес бидејќи „се карактеризираше со… повеќекратни нерегуларности и кршење на изборното законодавство“.
Откажувањето уследи по серија разузнавачки документи, декласифицирани оваа недела, за наводите против Џорџеску и Русија, вклучително и тврдењата за „масовна“ промоција на социјалните мрежи и сајбер напади.
Повеќе стотици луѓе се собраа во неделата на избирачко место во близина на Букурешт извикувајќи „Долу диктатурата“, „Сакаме да гласаме“ и „Крадци“.
„Тука сум за демократија, бидејќи според мене таа повеќе не постои“, изјави за AFP Адријана Иаеркау, 60-годишна учителка.
„Ние сме со него (Џорџеску) од самиот почеток. Тоа беше демократски процес. Сѐ беше во ред до петокот кога решија да ја убијат демократијата што беше воведена во Романија со падот на комунизмот во 1989 година“, рече Сорин Скуратовски, 46-годишен сметководител.
Џорџеску ги обвини властите дека ги поништиле изборите поради страв дека тој ќе победи.
„Јас сум овде во име на демократијата и секогаш ќе бидам“, им рече Џорџеску на новинарите пред затвореното избирачко место.
Џорџеску, кој поништувањето на изборите го нарече „државен удар“, рече дека го оспорува поништувањето на гласањето пред суд. Така направи и другата крајно десничарска партија AUR, која исто така ги повика своите приврзаници да протестираат пред избирачките места подоцна во неделата.
Полицијата во саботата изврши рација во три куќи во централниот романски град Брашов, како дел од истрагата за наводна „корупција на гласачите, перење пари и фалсификување документи“.
Меѓу претресените домови е и оној на бизнисменот Богдан Пешхир, корисник на TikTok, кој според декласифицираните документи, наводно платилл 381.000 долари на лица вклучени во промоцијата на Џорџеску, објавија романските медиуми.
Џорџеску, кој себеси се опишува како застапник на суверените интереси на романскиот народ, во неделата рече дека не го познава Пешхир, кој ја спореди неговата поддршка за 62-годишниот политичар со онаа на најбогатиот човек во светот, Илон Маск, за новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
Романските власти тврдат дека имал наводно „повластен третман“ на Џорџеску на TikTok, што платформата го негираше.
Декласифицираните документи, исто така, велат дека Романија била „мета на агресивни руски хибридни акции“, вклучително и сајбер напади.
Џорџески, кој романските и европските медиуми го опишуваат како „поранешен обожавател на рускиот претседател Владимир Путин, кој неодамна се трансформираше во голем поддржувач на Доналд Трамп“, во саботата изјави за американската филијала на телевизијата Sky News дека нема никакви врски меѓу него и Русија.
По поништувањето на изборите, што е ретко во Европа и особено во Еврпската унија како и во земјите на НАТО чија главна база е Романија во услови на војната во Украина, администрацијата на демократот претседател во заминување Џо Бајден во Вашингтон соопшти дека „имаат доверба во романските институции“, алиудирајќи на афирмација на поништување на изборите. Од друга страна, пак, најстариот син на републиканскиот претседател Трамп, Доналд Трамп Џуниор, ја осуди одлуката на романскиот Уставен суд како „негација на волјата на народот“.
Новата влада, која ќе биде формирана по победата на владејачките социјалдемократи на изборите минатиот викенд, се очекува да одреди нов датум за претседателските избори.
Слични новости
Откриени речиси 46 килограми кокаин во контејнер со банани на пристаништето во Солун
Во контејнер со банани што на солунското пристаниште пристигнал од Латинска Америка биле откриени и запленети 45 килограми и 993 грама кокаин, а уапсени се четворица странски државјани, членови на меѓународна криминална организација.
Србија: Можни американски санкции против рускиот сопственик на НИС бидејќи користи дел од својот профит во Украина
Како одговор на Euronews во Србија, амбасадата на САД нагласува дека НИС е „национален ресурс за Србија, но дека руските сопственици користат дел од профитот за финансирање на агресијата против Украина“
Извештај на АИ: Српската влада незаконски шпионира активисти, НВО и новинари
Амнести интернешенел објави извештај кој открива како властите во Србија незаконски шпионирале мобилни телефони на активисти кои организирале протести, членови на невладини организации и независни новинари, пренесоа српските медиуми.