Откако семејството Броколи, кое ја води легендарната франшиза за Џејмс Бонд повеќе од 60 години, го префрли управувањето со филмската продукција на студиото Amzon MGM, започнаа шпекулациите за тоа кој би можел да го наследи Даниел Крег како Таојниот агент 007 со „лиценца за убивање“.
Оваа промена предизвика бран шпекулации меѓу обожавателите, а актери како Џејмс Нортон, Арон Тејлор-Џонсон и Идрис Елба често се споменуваат како водечки кандидати.
Џејмс Нортон, кој во последните години стекна голема популарност благодарение на улогите во сериите како „Гранчестер“ и „Среќна долина“, беше еден од главните кандидати, иако и самиот се обиде да ги спречи гласините.

На неодамнешното доделување на наградите BAFTA, во разговор со водителот Алекс Зејн, Нортон на шега рече: „Јас сум фаворит? Кој се обложува на тоа нека си најде нова работа“.
Иако неговите коментари се јасно демантирање на гласините, многу фанови веруваат дека Нортон би можел да биде избран за Бонд.
Покрај Нортон, се споменува и Арон Тејлор-Џонсон, додека веќе извесно време се шпекулациите за Идрис Елба. Иако никој официјално не потврди какви и да се разговори во врска со новиот Бонд, Нортон и Тејлор-Џонсон во моментов се водечки кандидати.
Инаку, улогата на Џејмс Бонд ја играа само шест актери. Шон Конери ја постави основата за ликот во седум филмови, додека Роџер Мур го играше Бонд во седум филмови од 1973 до 1985 година. Џорџ Лазенби имаше краток мандат, а Тимоти Далтон донесе посериозен пристап во два филма.
Пирс Броснан го модернизираше Бонд преку четири филмови, додека Даниел Крег донесе емотивно покомплексен лик преку пет филмови. Со оглед на тоа, секоја нова интерпретација на Бонд носи различни предизвици и барања, а кој ќе го наследи Крег и ќе стане новиот Џејмс Бонд останува големо прашање.

Слични новости
Официјално потврден разводот на Бен Афлек и Џенифер Лопез
Пејачката и актерка Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек, холивудска двојка која со години го привлекува вниманието на јавноста, официјално стави крај на бракот.
Џон Литгоу се согласи да го игра Дамбледор во серијата Хари Потер
Телевизиската серија на ХБО „Хари Потер“ и официјално го најде својот магионичар во школата за магии Хогварт во актерот Џон Литгоу.
Патрик Вилсон му се придружи на кастот за серијата Cape Fear
Патрик Вилсон кој е номиниран за ЕМИ за франшизите „Фарго“ и „Конџуринг“ им се придружи на Хавиер Бардем и Ејми Адамс во серијата Cape Fear во продукција на Ејпл ТВ