Ние сме граѓанска иницијатива, не сме поврзани со ниту една политичка партија. Многу е битно да се разграничи партизирање од политизирање. Ние сме активни граѓани, сакаме да останеме тука, да живееме во Македонија, но да е безбедно, бараме одговорност, безбедност и транспарентност и затоа протестираме, изјави Милена Јаневска од граѓанското движење „Кој е следен?“ пред маршот што треба да почне вечерва во 19:00 часот од плоштадот „Македонија“.

 

Според неа, планови за натамошни протести нема, „Кој е следен“ нема лидерство и принципот на функционирање е „еден човек, еден глас“.

Очекуваме транспарентност од истражните органи и поддршка од медиумите, очекуваме одговорност од сите поврзани со кочанската и сите претходни трагедии. Изразуваме целосна поддршка до медицинскиот персонал и сите вклучени во истрагата. На улица сме зашто треба да се слушне гласот на народот, секој револт на граѓаните е оправдан“, нагласи Јаневска.

Протестот започне со триминутен молк, положување цвеќе и палење свеќи за настраданите во Кочани.

globe

Слични новости

На околу 50 пациенти кои се лекуваат во странство ќе им треба подолготрајна рехабилитација

На околу 50 пациенти кои се лекуваат во странство ќе им треба подолготрајна рехабилитација

Министерот за здравство Арбен Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата, по трагичниот настан во Кочани, да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација