Белград и Приштина постигнаа спогодба во февруари 2023, а еден месец подоцна во Охрид договорија и анекс и јасни насоки како да се применува спогодбата. Спогодбата и Анексот станаа составен дел од преговарачкиот процес за пристапување во членство за ЕУ за Косово и Србија.
Петер Соренсен, дански дипломат со повеќегодишно искуство на Западниот Балкан го наследува Мирослав Лајчак на местото специјален претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина. Тој ќе ја преземе должноста од први февруари, а ќе биде задолжен за дијалогот кој треба да придонесе за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.
Соренсен го очекуваат многу нерешени прашања, а веднаш штом ќе го преземе мандатот, го очекуваат општи избори на Косово на 9-ти февруари.
Соренсен е присутен на Балканот уште од 90-тите години. Поранешен воен офицер и правник, тој беше советник на Посматрачката мисија на ЕУ во Бивша Југославија, а потоа стана советник на високиот претставник во Сараево.
На крајот од 90-тите години беше виш советник на шефот на ОБСЕ во Хрватска.
Соренсен беше и личен претставник на комесарот за надворешна политика на ЕУ Хавиер Солана од 2006-2010 година во Белград. Од Белград се пресели во Скопје каде што беше на чело на делегацијата на ЕУ една година, а од Скопје замина за Сараево, каде што ја извршуваше истата функција во следните три години.
Тој постојано повторува дека балканските земји и припаѓаат на ЕУ, а се залага за борба против дискриминација, особено жените и децата, како и луѓето со инвалидитет и ЛГБТ заедницата.
Неговиот претходник Мирослав Лајчак на местото пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина дојде во април 2020. Неговиот мандат го обележаа многу непријатности. Приштина во 2021 и 2022 најавуваше дека регистарските таблички што ги издава МВР на Србија мора да бидат заменети со косовски, но локалните Срби на северот на Косово протестираа поставувајќи барикади на патиштата, па примената беше одложена.
Незадоволството ескалираше во ноември 2022 кога Србите соопштија дека излегуваат од сите институции на косовските власти. Лајчак тогаш повикуваше на смирување на напнатоста, но Србите сепак не се вратија на работните места.
Уследи дипломатска офанзива на Франција и Германија, а според нивниот предлог Белград и Приштина постигнаа спогодба во февруари 2023, а еден месец подоцна во Охрид договорија и анекс и јасни насоки како да се применува Спогодбата. Спогодбата и анексот станаа составен дел од преговарачкиот процес за пристапување во членство за ЕУ за Косово и Србија.
17 години по прогласувањето на независност Косово го има признато околу 100 земји, иако точниот број не е познат. Приштина тврди дека Косово го имаат признато 117 земји, но Белград тврди дека оваа бројка е далеку помала.
Меѓу земјите на ЕУ што не го признаваат Косово се Шпанија, Словачка, Кипар, Грција и Романија, а кога станува збор за светските сили Косово не го признаваат Русија, Кина, Бразил и Индија.
Би Би Си
Слични новости
Кои премиери поднесуваа оставка на Балканот и зошто
Во политичкиот живот, оставката обично се нарекува „морален чин“. Во балканските држави кои се често погодени со економски и општествени кризи, оставките главно беа поднесувани „од лични причини“, поради изборни неуспеси, застој во економијата, но и поради постапки за воени злосторства.
Кинески потрес во светот на вештачката интелигенција
Кинескиот стартап „DeepSeek“ предизвика бура ширум светот со својот модел со отворен код за вештачка интелигенција DeepSeek-R1 и вртоглавиот успех на неговата апликација за вештачка интелигенција во САД
Српската влада не го издржа притисокот на студентските протести
Вучевиќ, кој е и претседател на владејачката Српска напредна партија (СНС), на вонредна прес-конференција рече дека поднесува оставка од функцијата шеф на владата поради „објективна одговорност“ за трагедијата во Нови Сад