Шефот на ХТС Мухамед ал-Џавлани е обвинет за кршење на човековите права, а САД нудат награда од 10 милиони долари за информација која може да доведе до неговото апсење. Според некои извештаи Ал Џавлани, кому тоа не му е вистинско име, туку псевдоним, наводно студирал медицина пред да стане исламистички милитант. Според податоците на Интерпол тој е роден во 1979.

 По ненадејниот напад, борците што ги предводи исламистичката група позната како Хајат Тахрир ал-Шам ( ХТС ) сега го контролираат Алепо, вториот најголем град во Сирија, а сириските бунтовници велат дека ја презедоа целосната контрола врз градот Хамам, откако оттаму се повлече војската на Башар ал Асад.

Водачот на исламистичката група ХТС Абу Мухамед ал-Џавлани, прогласи „победа“ во Хама и вети дека нема да има одмазди. Хама во која живеат околу еден милион луѓе е оддалечена 110 километри јужно од Алепо, кој бунтовниците го зазедоа минаата недела откако изведоа офанзива од своите упоришта на северозападот.

ХТС е една од главните бунтовнички групи против сириската влада која контролира голем дел од северозападот на Сирија. ХТС кој се смета за огранок на Ал Каеда и на Исламската држава, многу држави го означуваат како терористичка организација.

Шефот на ХТС Мухамед ал-Џавлани е обвинет за кршење на човековите права, а САД нудат награда од 10 милиони долари за информација која може да доведе до неговото апсење.

Според некои извештаи Ал Џавлани, кому тоа не му е вистинско име, туку псевдоним, наводно студирал медицина пред да стане исламистички милитант. Според податоците на Интерпол тој е роден во 1979.

Се верува дека ал-Џавлани и се придружи на џихадистичката група Ал Каеда во Ирак по инвазијата на САД во 2003 што ја извршија коалициските сили предводени од САД. Коалицијата бргу го симна од власта претседателот Садам Хусеин и неговата партија Баас, но се соочи со отпор на разни милитантни групи. Американските сили во 2010 го уапсија ал Џавлани и го држеа во камп во близина на границата со Кувајт. Таму се запозна со џихадистите кои подоцна ќе ја формираат Исламската држава, а меѓу нив и со водачот на Исламска држава (ИС) во Ирак Абу Бакр ал-Багдади.

Ал-Џавлани им изјави на медиумите дека по избувнувањето на оружениот судир во Сирија против претседателот Башар ал Асад во 2011, ал-Багдади организирал заминување во Сирија за таму да оснива огранок на организацијата. Ал-Џавлани стана командант на вооружената група Фронт ал- Нусра која беше поврзана со ИС и имаше големи успеси на бојното поле. Но, во 2013 ал-Џавлани ги прекина врските со ИС и се подреди на контролата на Ал Каеда. Во 2016 тој се одвои од Ал Каеда и заедно со други бунтовнички групи во 2017 во Сирија го основаа ХТС.

Под водството на ал-Џавлани ХТС стана главна бунтовничка група во Идлиб и околината во северозападна Сирија. Пред војната во градот живееја 2,7 милиони луѓе, но по доаѓањето на бегалците, според сегашните проценки таму живеат 4 милиони луѓе. Групата ја контролира „Владата на спасот“ која дејствува како локална влада во провинцијата Идлиб и дава здравствена заштита, образование и внатрешна безбедност.

Од 2021 не ја следи стратегијата на Ал Каеда за глобален џихад, туку неговата главна цел е да го собори сирискиот претседател Башар ал Асад, цел која, како што рече, му е заедичка со западот и САД. Тој порача дека неговиот регион не претставува закана за безбедноста на Европа и САД и дека не е поприште на странски џихад. Во Идлиб во 2021 ги затвори базите на Ал Каеда им го заплени оружјето, а некои од нејзините лидери ги одведе во затвор.

Во областите  што ги контролира спроведува исламски закон, но многу поблаго од џихадистичките групи. Живее заедно со христијаните и другите немуслимани, а џихадистичките групи го критикуваат затоа што го сметаат за претерано умерен.

Сепак, западните земји и ОН ја означија ХТС како терористичка организација, а американската влада сеуште нуди награда од 10 милиони долари за информација која може да доведе до неговото апсење.

Би Би Си 

Слични новости

Крајот на уште една бесмислена војна

Крајот на уште една бесмислена војна

Се заврши уште една војна, а ниту еден политички блок не е задоволен. Еуфоријата тука се чува само за почетоците на војните, но не и за нивното завршување. Дали е сега Израел побезбедно место?

Романија: Социјалдемократите го презедоа водството, силен подем на крајната десница

Романија: Социјалдемократите го презедоа водството, силен подем на крајната десница

Проевропските социјалдемократи избија на врвот на парламентарните избори одржани во неделата во Романија, но крајната десница го потврди својот силен подем и ја доведе оваа членка на ЕУ и НАТО, која граничи со Украина, во еден вид неизвесност