Зохран Мамдани, 34 годишниот демократски социјалист кој наскоро ќе стапи на должноста градоначалник на Њујорк е првиот муслимански и јужноазиски лидер на овој град. Тој е роден во Кампала ( Уганда) кратко живеел во Јужна Африка, а потоа негоото семејство се преселило во Њујорк, пишува Скај њуз.

Неговата мајка е филмската режисерка Мира Наир, а татко му е Махмуд Ммдани професор по антрополигија на универзитетот Колумбија. Пред политиката, Мамдани беше рапер под името „ Young Cardamom“, а подоцна само „Mr Cardamom“, а создаваше музика дури и за филмовите на Дизни.

Мамдани е оженет со Рама Дуваџи, сириско-американска уметничка која ја запозна преку апликацијата „Hinge“ годинава.

Работеше како советник за домување и им помагаше на сопствениците на куќи со ниски примања да се борат проив иселувањата од нивните домови. Мамдани беше избран во Државното Собрание на Њујорк во 2020.

За време на мандатот тој се залагаше за бесплатни автобуси и бесплатна нега за децата, изградба на нови социјални станови, зголемување на минималната надница која би се финансирала од зголемени даноци врз богатите, како и вработување на нои наставници и замрзнување на киријата за веќе закупените станови.

Мамдани отворено го критикуваше Израел, ја поддржува палестинската држава и бара значајно зголемување на данокот за богатите.

Неговите ставови предизвикуваат поделби во Демократската партија, но ја доби поддршката на сенаторот Берни Сандерс.

Американскиот претседател Доналд Трамп жестоко го критикува Мамдани кого го нарекува комунист и ја оспорува неговата способност да го води Њујорк.

Мамдани во вторникот победи на изборите за градоначалник на Њујорк, а заклетва ќе положи за Нова Година.

 

 

Слични новости

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе