Башар ал-Асад студираше офталмологија во Лондон и планираше кариера на очен лекар. Откако неговиот постар брат Басел загина во сообраќајна несреќа во 1994 во автомобилска несреќа близу Дамаск, почнаа да се прават планови за тој да ја наследи власта од неговиот татко во Сирија.

Башар ал Асад е роден како трето дете на Хафез ал -Асад воен офицер и член ан партијата Баас ( Арапската социјалистичка партија) кој во 1971 изведе пуч и стана претседател на Сирија. Заедницата на Алавитите, на која и припаѓа семејството на Асад беше меѓу најобесправените во тој период во Сирија, а економските неприлики наведе голем број на Алавитите да и се придружат на сириската армија.

Хафез ал Асад се истакна како воен офицер и приврзаник на партијата Баас, а стана министер за одбрана во 1966. По воениот удар во 1971 тој ја презеде власта и остана на функцијата претседател се до својата смрт во 2000 година. Владееше со челична рака, задушувајќи ја опозицијата и не прифаќаше демократски избори.

Меѓутоа, демонстрираше прагматизам во надворешната политика, влегувајќи во сојуз со СССР и и се придружи на коалицијата предводена до САД во заливската војна во 1991.

Башар ал Асад одбра поинаков пат од воената кариера и политиката и сакаше да се занимава со медицина. Откако дипломираше на универзитетот во Дамаск во 1992, се пресели во Велика Британија на специјализација во болницата Вестрен Ај во Лондон.

Го сакаше Фил Колинс и сосема се вклопи во западната култура. Неговата сопруга Асма студираше компјутерски науки во Лондон, а подоцна беше примена на магистерски студии на Харвард.

Кога загина неговиот брат Басел, Башар итно беше повикан од Лондон во Сирија кога започнаа подготовките за тој да стане иден лидер на земјата. Тогаш тој и се придружи на војската и почна да гради имиџ подготвувајќи се за идната улога.

Откако умре Хафез ал Асад во јуни 200, Башар бргу беше именуван за претседател на 34 годишна возраст, а за тоа се смени и сирискиот Устав така што беше спуштена минималната старосна граница за претседател која дотогаш изнесуваше 40 години. Тој воведе нов политички тон во јавниот дискурс и зборуваше за „транспарентност, демократија, развој, модернизација и институционално размислување“. Сирија дожиева период на слобода на изразувањето познат како „Пролетта на Дамаск“ но веќе во 2001 силите за безбедност продолжија со задушување на слободите, апсејќи истакнати противници.

Војната во Ирак од 2003 доведе до влошување на односите меѓу Башар ал Асад и владите на западните земји. Тој се противеше на инвазијата на Ирак, а некои сметаа дека стравуваше дека Сирија може да биде следната цел на американска воена акција. Во декември 2003 САД му воведоа санкции на Дамаск, поради Ирак, но и поради сириското присуство во Либан.

Во февруари 2005 поранешниот либански премиер Рафик Харири кој беше еден од главните противници на Сирија во Либан беше убиен во експлозија во центарот на Бејрут. За атентатот беа обвинети Сирија и нејзините сојузници. Ло Либан избувнаа масовни протести, што заедно со меѓународниот притисок доведоа до повлекување на сириското присуство во Либан.

Во декември 2010 започна „Арапската пролет“ од Тунис, која ги зафати и Египет, Либија, Јемен, Бахреин и Сирија. За само неколку месеци состојбата во Сирија ескалираше во оружени судири меѓу владините сили и опозициските фракции. Судирот ескалираше во граѓанска војна со стотици илјади загинати и раселени.

Русија, Иран и оружените групи што ги поддржува Техеран интервенираа на страната на силите на Асад, додека Турција и заливските земји ги поддржаа бунтовничките фракции. Војната на површина го исфрли и секташтвото и отворена борба меѓу Алавитите ( Шиити) и Сунитите. Се чинеше дека Асад ќе ја загуби војната, меѓутоа воената интервенција на Русија го смени текот на војната и му овозможи на Асад да ги поврати загубените територии.

Меѓу 2018 и 2020 меѓународните договори доведоа до воспоставување на ситуација во која владините сили го контролираа поголемиот дел од Сирија, а исламистичките опозициски групи и курдските милиции ја делеа контролата на северот од земјата. Сирија во 2023 беше вратена во Арапската лига, а земјите повторно ги отворија амбасадите во Дамаск.

Меѓутоа во октомври 2023 Хамас изврши неочекуван напад врз Израел, што доведе до војна во Газа чии последици се проширија и врз Либан, со особени последици врз главниот сојузник на Асад Хезболах. Судирот му нанесе тешки загуби на Хезболах, вклучувајќи го и убиството на долгогодишниот лидер Хасн Насралах.

Истиот ден кога стапи во сила примирјето во Либан, сисриските бунтовнички фракции што ги предводи исламистичката група Хајат Тахрир ал Шам започна со ненадеен напад и го зазеде Алепо. Позицијата на Аасад стана слаба, а неговите клучни сојузници Иран и Русија не можеа да му помогнат. Главниот град на Сирија Дамаск падна во рацете на бунтовниците за помалку од две недели од почетокот на нивната офанзива.

Башар ал Асад на 8 декември побегна од земјата во Русија.

Слични новости

Зеленски вели дека разговарал со Макрон за можното распоредување странски војници во Украина

Зеленски вели дека разговарал со Макрон за можното распоредување странски војници во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата вечерта изјави дека разговарал со неговиот француски колега по должност Емануел Макрон за неговиот предлог за распоредување странски војници во Украина како „начин за постигнување стабилен мир“

Зеленски го отфрла планот на Трамп за мир во Украина

Зеленски го отфрла планот на Трамп за мир во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за францускиот весник Le Parisien зборуваше за можноста за преговори со Русија за примирје во Украина и за најавите во тој контекст на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за крај на војната

Кошта: За сите нас проширувањето на ЕУ е приоритет и сме посветени на тоа

Кошта: За сите нас проширувањето на ЕУ е приоритет и сме посветени на тоа

Бидејќи припаѓаме на исто европско семејство, делиме континент и што е најважно, заеднички вредности и заедничка историја. Второ, затоа што проширувањето е приоритет за сите нас. Ние веќе сме посветени на проширувањето и сите веруваме дека проширувањето е најважната геополитичка инвестиција во мирот, безбедноста и просперитетот, истакна Кошта.