Сега не е време да се шпекулира за различни сценарија, туку да се зајакне Украина за сите сценарија, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта по завршувањето на самитот на Европската унија.
„Ова не е време да се шпекулира за различни сценарија, сега е време да се зајакне Украина за сите сценарија“, рече Кошта на прес-конференција во четвртокот доцна навечер.
Украина беше една од главните теми на самитот на чиј почеток учествуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој рече дека само ЕУ и САД можат заедно да ја запрат војната, а европските безбедносни гаранции без американските нема да бидат доволни.
Кошта рече дека ЕУ е обединета во нејзината поддршка за Украина „за да постигне сеопфатен, траен и праведен мир“. „Ниту каков било мир, ниту капитулација“, рече Кошта.
„Само Украина може да одлучи кога ќе се исполнат условите за мировни преговори“, додаде Кошта.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Украина би можела да го отвори првиот кластер во пристапните преговори на почетокот на следната година, доколку продолжи да ги спроведува реформите со сегашната стапка.
Слични новости
Најмалку 100 Севернокорејци загинале во борбите во Украина, тврди Сеул
Најмалку 100 Севернокорејци загинаа во декември борејќи се заедно со руските сили во Украина, изјави во четвртокот јужнокорејски пратеник, а слични извештаи доаѓаат од Киев и Вашингтон
Путин: Со Украина не е договорен мир поради „човекот со чудна фризура“
Претседателот на Русија, Владимир Путин, на традиционалната прес-конференција за крајот на годината, го обвини „човекот со чудна фризура“ дека и забранил на Украина да договори мир
Зеленски: Единството на САД и ЕУ е неопходно за мир и запирање на Путин
За праведен мир во Украина и за „запирање“ на рускиот претседател Владимир Путин, потребно е единство на САД и Европската унија, како и во рамките на самата ЕУ, изјави во четвртокот украинскиот претседател Володимир Зеленски