Сега не е време да се шпекулира за различни сценарија, туку да се зајакне Украина за сите сценарија, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта по завршувањето на самитот на Европската унија.

„Ова не е време да се шпекулира за различни сценарија, сега е време да се зајакне Украина за сите сценарија“, рече Кошта на прес-конференција во четвртокот доцна навечер.

Украина беше една од главните теми на самитот на чиј почеток учествуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој рече дека само ЕУ и САД можат заедно да ја запрат војната, а европските безбедносни гаранции без американските нема да бидат доволни.

Кошта рече дека ЕУ е обединета во нејзината поддршка за Украина „за да постигне сеопфатен, траен и праведен мир“. „Ниту каков било мир, ниту капитулација“, рече Кошта.

„Само Украина може да одлучи кога ќе се исполнат условите за мировни преговори“, додаде Кошта.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Украина би можела да го отвори првиот кластер во пристапните преговори на почетокот на следната година, доколку продолжи да ги спроведува реформите со сегашната стапка.

globe

Слични новости

Пентагон призна дека има двојно повеќе војници во Сирија

Пентагон призна дека има двојно повеќе војници во Сирија

Пентагон во четвртокот соопшти дека има 2.000 американски војници во Сирија, што е двојно повеќе од 900-те претходно потврдени, и појасни дека дополнителните трупи се „привремени сили“ и поддршка во борбата против милитантите на Исламската држава

Индија се подготвува за трговски односи со САД во новата ера на Трамп

Индија се подготвува за трговски односи со САД во новата ера на Трамп

Индија се подготвува за можни трговски разговори со САД насочени кон зголемување на американските инвестиции и поголем извоз, откако новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата следниот месец