Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, денеска во Брисел, непосредно пред почетокот на Самитот ЕУ-Западен Балкан, изјави дека проширувањето е приоритет за сите во ЕУ, дека се посветени на тоа и веруваат дека тоа е „најголемиот залог во мирот, безбедноста и просперитетот“.
Во кратката изјава за новинарите по пристигнувањето, Кошта рече дека Самитот е важен од три причини.
„Бидејќи припаѓаме на исто европско семејство, делиме континент и што е најважно, заеднички вредности и заедничка историја. Второ, затоа што проширувањето е приоритет за сите нас. Ние веќе сме посветени на проширувањето и сите веруваме дека проширувањето е најважната геополитичка инвестиција во мирот, безбедноста и просперитетот“, истакна Кошта.
Трето, тој рече дека ЕУ ја спроведува постепената интеграција на земјите од Западен Балкан очекувајќи конкретни придобивки за граѓаните од регионот, како што се безвизен режим за патување, полесни плаќања и Планот за раст, со кој може радикално да се трансформира Западен Балкан.
„На оваа средба сакаме да го поттикнеме движењето кон проширување, кон поголема интеграција и споделување на заедничката историја“, потенцираше Кошта.
Слични новости
Зеленски го отфрла планот на Трамп за мир во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за францускиот весник Le Parisien зборуваше за можноста за преговори со Русија за примирје во Украина и за најавите во тој контекст на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за крај на војната
Главчев: Бугарија го поддржува приемот на Западниот Балкан во ЕУ доколку се исполнат поставените услови
Конкретно кога станува збор за Северна Македонија, го имаме т.н. компромис од 2022 година, направен од наша страна. Тој е веќе европски (услов), потпишан од сите држави членки на Европската унија, вклучително и од Бугарија како земја членка, плус од Северна Македонија и нема за што да преговараме. Нашата позиција е непроменета, рече Главчев.
Калас: Сакаме да видиме напредок во процесот на проширување на ЕУ
Западниот Балкан е многу важен за Европската Унија, бидејќи тој географски и припаѓа на Европа и затоа е многу важно да ги унапредиме нашите односи, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас при пристигнувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел