Кошаркарот на Далас Маверикс Кајри Ирвинг успешно го оперира левото колено, соопшти неговито клуб Далас Маверикс. Од клубот соопштија дека Ирвинг бил опериран во болницата за специјална хирургија во Њујорк.

Ирвинг се повреди на 3 март за време на првата четвртина од натпреварот во НБА против Сакраменто и ги скина предните лигаменти на левото колено. Оваа сезона во НБА лигата имаше просек од 24,7 поени, 4,8 скока и 4,6 асистенции по натпревар.

 Минатата година Ирвинг заедно со Дончиќ играше во финалето на НБА лигата, но оваа година Далас нема да се пласира во плеј офот, а веројатно и во плеј инот, по повредата на Ирвинг и трампата на Дончиќ кој замина за Лејкерс во замена за Ентони Дејвис, кој е исто така повреден.

 

Слични новости