Директорот на натреварувањата во кошаркарската ЕвролигаЛитванецот Паулиус Мотеијунас изјави дека според неговото мислење, Тел Авив е безбеден за таму да се играат натпревари.

„Сите ни велат дека Тел Авив е безбеден. Таму имаме два тима, но ја следиме ситуацијата, затоа што примирјето е кревко. Израелските клубови во домашното првенство веќе играат пред полни сали, но сепак ќе провериме поради играчите, судиите и навивачите“ порача Мотеијунас.

Некои од европските клубови се противат на одлуката да се игра во Израел, а во Турција, од безбедносни причини кога гостуваат израелските клубови се игра пред празни сали. Макаби и Хапоел од Тел Авив учествуваат во Евролигата, а Хапоел оваа сезона е домаќин во Софија, додека Макаби во Белград.

 

Слични новости

Бразил доби тешка група, оцени Анчелоти

Бразил доби тешка група, оцени Анчелоти

Бразил е извлечен во „тешка група“ на Светското првенство во 2026 година, со Мароко, Шкотска и Хаити како негови противници, изјави селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, по жрепката во Вашингтон